(Видео)ШЕФ КАКОВ ШТО СЕКОЈ БИ ПОСАКАЛ: Кога сопственикот на фирмата на прославата им кажал каков подарок им подготвил повеќето почнаа да плaчaт

  • December 23, 2018

Вработените во една семејна компанија во Мичиген ќе имаат среќен Божиќ оваа година, со неверојатниот подарок од сопственикот. Сопственикот на компанијата “FloraCraft” им доделил приближно 4 милиони долари во бонуси на неговите 200 вработени пред празниците.

Сопственикот Ли Шоенхер ја води компанијата од 1973 година, а одлуката за доделување на еден ваков великодушен бонус ја донесол на 14 декември. На тоа вработените возвратиле со громогласен аплауз.

Бонусот на секој вработен ќе варира во зависност од стажот кој го има секој од нив,од 20-60.000 долари, а просекот би се движел по 20.000 долари за секој вработен.

Се работи за фабрика која произведува пена, која се продава во бројни намерикански ланци на продавници, како и преку ,,Амазон“, а е наменета за украсување и во цветната индустрија.

Вработените ќе го добијат бонусот во два дела. Првиот дел ќе им биде исплатен во готово до крајот на следната година, а другиот на сметката до крајот на март 2020 година.

кОМПАНИЈАТА е основана 1946г., a нејзиниот сегашен извршен директор и сопственик Ли Шенхер ја води од 1973г.

Тој на 14 ти Декември ја објавил одлуката за бонусите на свечената вечера за неговите вработени.
Вработените му аплаудираа, а некои дури и се раcплакаа од сPеќа.

До сега во компанијата немало прогласување на технолошки вишок или бркање од работа.

Претходно «
Следно »