September 28, 2021, 12:06 pm

(Видео) Автopитативното однесување на Џафери и зakaнувањето со kapантин е една од причините зошто сме хибриден режим

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, по завршувањето на денешната драма во собранието, во изјава за Инфомакс го коментираше однесувањето на претседателот на Собранието, кој се дереше, удираше по масата и се закануваше.

„Претседателот на собранието со неговите реакции го покажува односот кон сите пратеници во овој законодавен дом. За жал, денес бевме во ваква ситуација. Очигледно, несакајќи да се донесе петтиот пакет на мерки, се бараше било оправдување за да се случи нетпо во собранието. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беше тука и не дозволи да се случи некој поголем инцидент, сѐ со една цел, да се изгласа петтиот пакет мерки кој со нетрпение го очекуваат граѓаните. Јас сум свесен дека во текот на уштешниот ден ќе почнат да се бараат оправдување и нивните портали и медиуми ќе почнат да ги спинуваат вестите. Но македонската јавност гледа и знае што се случуваше вј ден и оваа вечер во Собранието.

„Во однос на изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека ќе побара собранието да се стави под карантин, Мицевски истакна дека авторитарниот однос на претседателот Џафери, и целото владеачко мнозинство ја отсликува денешната ситуација во Република Македонија и не случајно сме наречени хибриден режим. Јас не знам на кој начин ќе проба да го направи тоа, затоа што ние во секој момент имаме 100, 110 пратеници коишто се функционални и функционираат. Нема можност да се случи тоа што го бара ЏАфри, не знам зошто с езакануваше со одредени изјави, очиглено утре ќе треба да ги објаснува и тие изјави. Во секој случај, конституирано е собранието, пратениците се со мандат, и се додека не ги испочитуваат овие 44 пратеници, собранието нема да биде функционално. Желбата за повторно воведување на вонредни мерки и владата сама да си донесува закони, без некој да им ги контролира, нема да се случи“, изјави Мицевски.

Изјавата на пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола МИцевски, мжете да ја проследите ТУКА

Latest News

Арсовска: Бecплaтeн jaвeн пpeвoз зa cитe cкoпjaни

Бесплатен јавен превоз за сите скопјани и понуда на избор за жителите за еколошка алтернатива на нивните автомобили беше...

More Articles Like This