August 13, 2020, 7:02 pm

(Видео) Ако не гласаш за власта не може да пиеш вода, водена интифада во Македонија

Поврзано

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје

Скопје, 13 август 2020 (МИА) – Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 105 километри југоисточно од Скопје и потекнува од...

Зaев и Аxмети се договориле?: Зaврши работнaтa срeдбa помeѓу СДСМ и koaлицијата „Мoжеме“ и ДУИ

Попладнево зaврши рaботната средбa меѓу СДСМ и коaлицијата „Можеме“ и ДУИ на која учествувaa претседaтелите Зорaн Зaев и Али...

Ги отвараат градинките, ама се оградуваат од одговорност за здравјето на децата…..

„Не сум приморан да го носам детето во детска градинка и решението да го носам е во целост лично...
- Advertisement -

Во 21 век жителите на Синичани немаат вода за пиење иако регионот каде живеат изобилува со вода.

Водата е неисправна, мештаните велат дека се меша со фекалната канализација, а анализите упатуваат на тоа дека во неа има присуство на опасната бактерија еширихија коли.

Со години чекаат на државата да го реши нивниот проблем и да им ги овозможи основни услови за живот. Oсобено загрижува фактот што во услови на светска пандемија тие се без вода и не можат да ги задоволат ниту своите хигиенски потреби.

Жителите велат дека месечно трошеле и до 100 евра за купечка вода или пак оделе и полнеле вода во соседните села каде водата е во исправна состојба.

Градоначалникот на општината, Албан Џемаиљи вели дека бидејќи е претставник на Алијансата за Албанците, државата не му овозможила средства за да изгради водоводна мрежа која би ги исполнувала сите стандарди.

Маката ги натерала жителите сами да најдат решение на овој децениски проблем.

Откако подолг период собирале средства и набавувале материјали, жителите на Синичани започнале со изградба на водоводна мрежа високо на падините на Шар Планина.

Пред изборите од нив било побарано да запрат со градежните активности за да се испочитува Изборниот законик иако тие не добиле помош од ниту една државна институција.

По завршувањето на изборите и смената на раковдната структура во МВР каде во моментов министерува, Агим Нухиу на жителите од страна на полицијата не им е дозволено да продолжат со работата.

Полицијата вели дека добила усна наредба да ги стопира градежните активности, а ниту жителите ниту полицајците не знаат зошто не можат да си обезбедат безбедна вода за пиење.

Ниту градоначалникот не ја знае причината за ваквиот однос на државата кон сопствените граѓани.

Неговата партија обвини дека на изворот кој граѓаните сакаат да го искористат, моќник близок до ДУИ сакал да изгради мала хидроцентрала, проект кој не добил одобрување од градоначалникот.

Дали станува збор за политика или пари никој не сака да говори пред камера, но останува фактот дека во Синичане се случува водна интифада.

Latest News

Македонија ќе чека вакцина од СЗО, Шпанија веќе набави од руската вaкцина

Првата вакцина во светот прoтив коpoнарниот вирус Спутник V, како и други руски препарати за бopба прoтив пaндемијата, ќе...

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје

Скопје, 13 август 2020 (МИА) – Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 105 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје регистрирала денеска...

Над 100.000 граѓани останаа бeз плата, пeнзија и социјална помош поради зaтворањето на Еуростандард банка

Над 100.000 граѓани кои земаа плата, пензија или социјална помош останааа бeз пари со затворањето на Еуростандард банката. Не можат да си...

Зaев и Аxмети се договориле?: Зaврши работнaтa срeдбa помeѓу СДСМ и koaлицијата „Мoжеме“ и ДУИ

Попладнево зaврши рaботната средбa меѓу СДСМ и коaлицијата „Можеме“ и ДУИ на која учествувaa претседaтелите Зорaн Зaев и Али Ахмети и генералните секретари Љупчо...

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека мандатот е доделен бeз доказ за мнозинство и е yзyрпиран

Стево Пендаровски како Претседател на државата соопшти дека ќе доделува мандат за Влада спротивно на Уставот по принципот „прв дојден, прв услужен“. Претседателот Пендаровски...

More Articles Like This