(Видео) АМБАСАДА НА САД: Како и обично, Русите си играат со вистината, ни видеото не е реално

Поврзано

Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка...

Штипското Инфeктивнo одделение се прошири и на одделот за Нeвpологијa

Штипското Инфективно одделение од попладнево и официјално се прошири на Одделот за неврологија, кое се наоѓаше во истата зграда....

(Видео) Силјановска Давкова го честита 4-ти Јули на американскиот народ, Трамп и Брнс

Носителката на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, Гордана Силјановска Давкова со честитка за 4-ти Јули: На американскиот народ, Претседателот...

Русија си игра со вистината, а притоа не користи ни вистински снимки и фотографии, соопшти денеска американската амбасада во Скопје откако руската амбасада вчера на Твитер објави дека двата американски бомбардери што вчера прелетаа над Скопје во знак на поддршка и добредојде за земјава во НАТО биле пресретнати од руски ловци сухои над Балтичко Море.

„Како и обично, си играат со вистината и се обидуваат да го одвлечат вниманието од историското достигнување на придружувањето на Северна Македонија во НАТО – дури и не користат вистински снимки или фотографии. Еве што всушност се случи“, напиша Амбасадата на САД во прилог на соопштение на американското воено воздухопловство.

„Два Б-1Б лансери од воздухопловната база Елсворт, Јужна Дакота, спроведоа долгодострелна, долготрајна стратегиска мисија на бомбардерска единица низ цела Европа и регионот на Црно Море на 29.5.2002 година.

Ова беше првпат мисија на бомбардерска единица да се обедини со украински Су-27 фланкери и МиГ-29 фулкруми и турски КЦ-135.

Во летот имаше и обука за интеграција и интероперабилност со полски Ф-16 и МиГ-29 и романски Ф-16 и МиГ-21, кои обезбедија придружба и заштита од борбена патрола во регионот на Црно Море.

Стратотанкер КЦ-135 од 100-то крило за полнење гориво, РАФ Милденхал, Англија, турски и американски КЦ-135 од воздушната база Инџирлик, Турција, и други авиони за полнење гориво на НАТО, му овозможија на Б-1 без одлагање да го заврши кружното патување од Воздухопловна база Елсворт, истовремено обезбедувајќи и полнење гориво во лет.

Освен тоа, Б-1 се обедини и со Ф-16 на грчкото воздухопловство за прелет над Скопје“, се вели во соопштението на американското воздухопловство за Европа и Африка.

„Мисијата на бомбардерската единица им покажа на нашите НАТО-сојузници, вклучувајќи ја и нашата најнова членка – Северна Македонија – дека овие стратегиски мисии ја зголемуваат подготвеноста и обуката неопходна за да одговорат на секоја потенцијална криза или предизвик низ целиот свет“, рече генералот Тод Д. Волтерс, командант на американската европска команда. „Интеграцијата и интероперабилноста со нашите сојузници на НАТО за време на овие мисии, без оглед дали тоа е воздушна поддршка од танкер или придружба со ловци, се неизбришливи акции што покажуваат дека Алијансата е силна како и секогаш“.

 

Актуелно

Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка...

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

Повеќе вести