(Видео) АПЛАУЗИ, СТОЕЧКИ ОВАЦИИ И СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ: Антониа Гиговска подобра и од жирито!

  • April 1, 2019

Со силен и долг аплауз и стоечки овации, како од жирито, така и од публиката беше поздравен и последниот настап на македонската пејачка Антониа Гиговска во музичкото талент шоу „Пинкови ѕвездички“.

Младата пејачка лесно го помина и овој круг од ова регионално музичко натпреварување, а пофалбите и упатените комплименти и донесоа сатисфакција и гордост која резултираше со солзи во очите.

Гиговска овојпат ја пееше „Writing’s on the wall“, песната која ја испеа Sam Smith како една од музичките теми за последниот филм „Spectre“ за тајниот агент 007 – Џејмс Бонд.

Уште со првите звуци од маестралниот вокален спектар на Антониа, своите црвени столчиња веднаш ги подигнаа Милан Станковиќ, Кристина Коцкар и Гоца Тржан, а набрзо тоа го направија и Леонтина Вукомановиќ и Наташа Беквалац. Тие за време на целиот настап и делеа комплименти, извикуваа пофални зборови на сметка на Антониа, а на крајот не можеа да го скријат воодушевувањето од нејзиниот настап, кој заврши со силен и долг аплауз и стоечки овации за нашата млада пејачка!

Претходно «
Следно »