October 27, 2021, 11:18 am

(Видео) Апoкaлиптични сцeни во Таjван: Плaменoт прoгoлта цeлa згpaда – нajмaлку 46 лица зaгинaа, повеќе десетици пoврeдени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупно 46 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во пожарот што ноќеска зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван, јавуваат странските агенции.

Повредените се на возраст од осум до 83 години.

Во повисоките катови од зградата живееле околу 120 станари, додека долните биле ненаселени.

Зградата, стара 40 години, се запалила околу три часот наутро, соопшти противпожарната служба во градот Каосиунг.

Пожарот е изгаснат по повеќе од четири часа, а акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Командантот на градската противпожарна служба Ли Чинг-Си рече дека пожарникарите се уште се пробиваат низ зградата и дека е можно бројот на жртви да се зголеми.

Градоначалникот Чен Чи рече дека зградата била делумно напуштена и дека во неа претходно имало ресторани, караоке клубови и кина.

Властите ги истражуваат причините за пожарот, вклучувајќи ја и можноста да е подметнат.

Latest News

Тој ќе средел со cyдот: Oбвинитeлoт Рустеми нyдeл пазар во случајот „ТНТ“ со ycловни kaзни за обвинeтитe за cyдењето побрзо да заврши

Голем скандал е на повидок во случајот „ТНТ“. Обвинителот Бурим Рустеми нудел вистински пазар за дел од обвинетите доколку...

More Articles Like This