(Видео) Ахмети: „27 aпpил“ нe e тepopизaм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети останува на ставот дека квалификацијата „тероризам“ е претешка за учесниците во настаните од 27 април.

„Овие настани се болни. Применето е насилство брз народните избраници, применета е бруталност, но не и тероризам. Се знае што значи тероризам и каква квалификација е „тероризам“. Така што, мислам дека органите на правдата треба да ја разоткријат целата ситуација, бидејќи станува збор за комплицирана ситуација“, посочи претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

За да се нарече „тероризам“ требаше да биде поинаков начин на дејствување, вели првиот интегративец, додавајќи дека толпата што влезе во Собрание била еуфорична и бесна. Како што додава, органите на правдата треба да кажат дали масата луѓе биле организирани или пак, самоогранизирани. Посака што поскоро случајот да добие завршница.

Пред Ахмети да одговори за ова, го прашавме и лидерот на АА дали смета дека има простор за повторно судење за 27 април.

„Почетно би сакале да го слушнеме ставот на Али Ахмети во врска со ова прашање. Дали и натаму смета дека учесниците во настаните од 27 април не се терористи и дејствувале со емоции“, велат од Алијанса на Албанците.

И по одговорот на Ахмети, друг одговор од Села не добивме. Ова прашање се отвори откако пред неколку дена и претседателот Стево Пендаровски рече дека не мисли дека се терористи оние кои упаднаа во Собрание на крвавата ноќ на 27 април. Пред оваа изјава, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поддржа протест на кој се бара ослободување на вмешаните во овие настани. Премиерот Заев рече дека никогаш со Мицкоски не разговарал за амнестија на казнетите за случајот 27 април.

Извор: mk.tv21.tv

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This