(Видео) БИЛ СКРШЕН ОД БОЛКА:Го отворил ковчегот, а внатре го чекало големо изненадувње

  • August 7, 2018

Мелвин Мендоза од Хондурас бил скршен кога девојката му рекла дека изгубиле едно дето на породувањето.

Таа неодамна се породила донесувајќи на свет близнаци, меѓутоа едното дете починало.

По погребот на детото следувало поголемо изненадување. Мендоза го отворил малечкиот мртовечкиот ковчег и открил дека во него се наоѓа кукла. Дознал дека тагувал за дете кое воопшто не ни постоело!

Неговата девојка Роса Кастељанов Дијаз целата бременост ја лажирала, лажејќи ги семејството и пријателите. Ги лажела и дека се породила. Потоа рекла дека едното дете и умрело, а другото останало во болница. Дури организирала и погреб.

Ожалостените се менувале во носењето на ковчегот и на родителите им упатиле емотивни пораки.

Меѓутоа, пријателите на Мендоза следниот ден се посомневале во приказната на Роса, па се вратиле на гробиштата, и го зеле и Мендоза со себе. Го откопале сандакот и внатре пронашле пластична кукла. За случајот ја известиле полицијата.

 

Роса изгледа смислила бизарен план како Мендоза да го задржи покрај себе. Како што се наведува, таа 9 месеци се преправала дека е бремена и кога дошло време за породување, од родното место се упатила во Тегусигалапа. На Мендоза му соопштила дека едното дете починало, а по неколку дека се појавила со ковчегот велејќи дека не смее да се отвара иако постои тој обичај во оваа земја.

Според пишувањето на медиумите, Мендоза нема да ја тужи Дијаз.

Претходно «
Следно »

loading…