August 14, 2020, 11:34 pm

(Видео) Боки 13 потврди дека поднел кpивични пpoтив политичари од власта – Единствено ќе ме cпpeчaт доколку ме лишaт од живoт

Поврзано

Македонија означена како високо pизичнa: Американскиот Центар за јавно здравје пpeдупредува да се избегнува патување во Македонија

Американскиот центар за јавно здравје ги предупредува американските државјани да избeгнуваат патување во Македонија. Нашата држава е сместена во нajризичната...

Учебната година нема да започне на први септември…

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека очекуваат пролонгирање на почетокот на учебната година со цел законско...

Костов: Ова е политички театар, Заев покажа отcyство на елементарна политичка култура

Во вечерашната „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија, аналитичарот Сотир Костов во однос на целокупната состојба во државата рече...
- Advertisement -

Со порака дека единствен начин да го спречат е да го убијат, Боки 13 од Шутка потврди дека кривичните пријави ги поднесува против политичари од власта. Во писмо до јавноста кое што го прочита неговиот адвокат Сашко Дуковски, Јовановски вели пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, кои се дел од актуелната власт, луѓе од нивните семејства и блиски до нив, како и бизнисмени.

Се пожали и дека тој и неговото семејство цело време добиваат уцени и закани, од оние кои според неговите зборови знаеле дека ќе заработат кривични пријави.

-Одговорно ви тврдам дека нема да ме спречат во што и да сакаат да применат и било кои методи на уцени и на закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот, односно доколку посегнат по мојот живот. Но, повторувам нема да ме спречат во мојата чесна граѓанска обврска и должност, ниту пак ќе ме спречат, ниту пак ќе ме спречат во мојата намера во борбата со вистинските криминалци и сторители на кривични дела, изјави Дукоски.

Јовановски бара и мониторинг од меѓународните институции и амбасадите во Македонија, бидејќи според напишаното во писмото, немал доверба во јавнообвинителскиот систем во Македонија. Се пожали дека побарал уште минатата година да ги поднесе кривичните, но бил одбиен од републичкиот јавен обвинител.

-Во месец ноември 2019 година побарав да бидам изведен пред јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, но бев грубо и дискриминирачки одбиен преку негови изјави за медиумите, со што го доведе во прашање својот професионален и личен интегритет и дигнитет, бидејќи покажа селективност, предрасуди и исклучителна непрофесионалност делејќи и лични квалификации за мене, изјави Дукоски.

Пријавите кои Јовановски ги поднесува се однесуваат на 20 кривични дела, меѓу кои и обид за убиство, злосторничко здружување, изборна измама, тендерски местења, шпионажа. Дел од нив се поврзани со случаите „Рекет“ и Меѓународен сојуз, но и кривични дела за кои јавноста не е запознаена, а Боки 13 тврди дека бил директен сведок.

Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение:

Latest News

Македонија означена како високо pизичнa: Американскиот Центар за јавно здравје пpeдупредува да се избегнува патување во Македонија

Американскиот центар за јавно здравје ги предупредува американските државјани да избeгнуваат патување во Македонија. Нашата држава е сместена во нajризичната...

„Нoж во гpб за сите муслимани“: Турција и Иран со оcтра реакција за мировниот договор меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел

Турција и Иран денес остро го осудија регионалниот ривал на Обединетите Арапски Емирати за нејзината одлука за нормализирање на дипломатските односи со Израел и...

Колку заработува Путин?

Рускиот претседател Владимир Путин заработи 133.400 долари во 2019 година, а премиерот Михаил Мишустин 249.700 долари, според официјалните податоци објавени на веб-страницата на...

Шaмар за САД: Чешка oдби распоредување на американските трупи на нејзината територија

Чешките власти не гледаат причина за распоредување американски воojници во нивната земја, им рече на чешкиот премиер Андреј Бабиќ пред новинарите пред почетокот на...

(Видео) Ekcплодираше склад за оpyжје во суданскиот главен град Картум

Силна еkcплозија одекна вечерва во складиште со opyжје во суданскиот главен град Картум, соопшти суданското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека досега нема извештаи...

More Articles Like This