(Видео) Борис Џонсон го пречека американскиот претседател Бајден

Поврзано

- Advertisement -

Британскиот премиер Борис Џонсон го пречека денеска американскиот претседател Џозеф Бајден во англиското крајбрежно одморалиште Карбис Беј, пред утершниот почеток на самитот на Г7.

– Прекрасно е, не сакам да си одам дома, изјави Бајден, коментирајќи го погледот кон морето додека шеташе со американската прва дама Џил Бајден, британскиот премиер Џонсон и неговата сопруга Кери.

Ова е прва средба меѓу Џонсон и Бајден, а како што беше најавено претходно, двајцата лидери ќе ја изнесат денеска, за време на разговорите во Лондон, заедничката визија за „одржливо глобално закрепнување” од пандемијата на Ковид-19.

Во пресрет на состанокот, Даунинг стрит соопшти дека состанокот ќе се фокусира на климатските промени, безбедноста, глобалниот трговски систем и одбраната на демократијата, како и за тоа како безбедно да се патува низ целиот свет.

Беше најавено дека ќе разговараат и за Северна Ирска, за несогласувањата меѓу ЕУ и Велика Британија околу имплементацијата на протоколот за Брегзит и други теми.

Според Скај њуз, двајцата лидери се очекува да се согласат околу она што беше најавено како нова Атлантска повелба – одговор на декларацијата за повоената соработка меѓу Винстон Черчил и претседателот Френклин Рузвелт во 1941 година.

– Додека Рузвелт и Черчил разговараа како да му помогнат на светот да се опорави од војната, денес треба да се справиме со еден сосема поинаков, но не помалку застрашувачки предизвик – како подобро да се опоравиме од пандемијата на коронавирусот, истакна Џонсон пред состанокот

Latest News

(Видео) Заев нa Caмитoт нa HAТO: Едeн зa cитe, cитe зa eдeн – зaeднo вo Брисел co нaшитe 29 cojyзници

Македонија првпат учествува како горда рамноправна членка на НАТО, заедно со останатите 29 сојузници и пријатели на денешниот Самит...

More Articles Like This