(Видео) Вардар е приказна која ако беше напишана луѓето немаше да веруваат

  • June 6, 2019

Делата секогаш се погласни од зборовите, а тоа најдобро го покажа Вардар на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите.

„Oтпишaниот“ тим, на кој му се даваа најмалку шанси да го крене елитниот трофеј изведе ново чудо и за 24-часа прво го урна каталонскиот гигант Барселона во полуфиналето, а потоа во финалето го совлада Веспрем.

„Ова е приказна, која ако беше напишана луѓето немаше да веруваат во неа! Легендарна претстава на Вардар!“ – заклучи ЕХФ во одјавата на десеттото елитно издание на Ф4 викендот во Келн.

 

Претходно «
Следно »