(Видео) Вице Заев давал нaрeдби за пaлeњe коли и peпрecијa врз граѓаните

Поврзано

Додека граѓаните плаќаат поскапи сметки за струја, фирмите на Заеви нижат профити

Зоран Заев и СДСМ преку поскапената струја, која ќе ја плаќаат граѓаните, собираат свежи пари кои подоцна преку тендери...

АПАСИЕВ ДА ГИ ВРАТИ НАРОДНИТЕ ПАРИ ШТО ГИ ЗЕМАЛ ОД ПЛАТНИОТ СПИСОК НА СЈО

Откако вчера пратеникот Димитар Апасиев ја скандализираше јавноста со својата објава на фејсбук која се однесува на вицепремиерката во...
- Advertisement -

Она што го говоревме неколку години наназад откако СДСМ и Зоран Заев и кланот Заеви се на власт, сега овој период веќе се потврдува, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

интегралниот текст од прес-конференцијата на Арсовски може да го прочитате во продолжение

Мафија владее со Република Македонија. Вчерашните аудио материјали тоа го потврдуваат. Вчера бевме сведоци и ние и целата јавност како член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот, човек најверојатно со сомнително минато, а не академско, кажува јасно и гласно дека добил зелено светло директно од Вице Заев, брат на Зоран Заев кој беше премиер на државата и претседател во моментов на СДСМ, да запали автомобил на некој кој не е член на СДСМ, само и само да го потисне и да му упати порака со закана и не само него, ами ќе ги потиснел и сите други кои што не биле за СДСМ.

Ете почитувани, овој материјал покажува како функционира власта на Заеви, со уценување, рекетирање, но и со сеење на страв на политичките противници кои не мислат како Зоран Заев и СДСМ. Тоа што Заеви комуницираат со подземјето и не е некоја новост, но новост е дека тие директно издавале наредби, според она што можевме да го чуеме.

Дополнително од овој материјал доколку се слушне целиот, дознавме дека кланот Заеви освен што давал зелено светло за палење автомобили, давал и црвен картон, односно блокирал други бизниси кои им биле конкуренција на нивните.

Овој материјал е големо сведоштво за начинот на мафијашко владеење на Зоран Заев, Вице Заев и целата фамилија Заеви.

Ако и ова не е доволен доказ за Вилма Русковска односно Русковска обвинителството да се разбуди конечно, тогаш не знаеме што уште треба јавноста да чуе, за Зоран Заев, Вице Заев и другите членови на оваа политичко мафијашка структура да бидат повикани и нивните активности да бидат истражени од страна на Јавното обвинителство. Но најверојатно Русковска наместо да се бори со криминалот, зафатена е со гледање на рекламите на ВМРО-ДПМНЕ во политичката кампања.

Полека, но сигурно се разјаснува сликата. Бојан Јовановски вели дека сите рекетирани пари од рекетот во Република Македонија завршувале директно кај Зоран и Вице Заеви, контроверзниот про-руски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ слушнавме дека тврди дека очекувал бизнис од Заев и дека платил 300 илјади евра и дал 2.000 метри квадратни земјиште, а сега слушаме дека рекетари добивале зелено светло од Вице Заев за своите криминални дејанија.

Изминативе 3 години се запалени над 50-тина автомобили во државава, да потсетиме дека беше запалена семејната куќа на потпретседателот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во моментот во ИЕ 2 Мисајловски, беше фрлена бомба во семејниот дуќан исто така на Мисајловски, беа демолирани автомобили на видни членови на партијата, што веќе е очигледно и јасно кој ги издал сите овие наредби. Дали е тоа Вице Заев, лично и персонално, братот на Зоран Заев? После 15-ти јули институциите ќе го докажат кој е нарачателот.

Ова го нема ниту во мафијашките филмови, а верувајте дека ќе го снема после 15-ти јули во Република Македонија.

Македонија е претворена во нечија лична своина во која се одлучува кој смее бизнис да работи, кој смее да се рекетира, чиј имот треба да биде уништен, запален или демолиран. Затоа Република Македонија на сите листи тоне во криминал, корупција, рекетот цвета, а граѓаните тонат во сериозна сиромаштија.

Граѓаните ќе го дадат финалниот одговор на 15-ти јули. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само да нанесуваат порази на граѓаните и на оваа држава. Да ставиме крај на виткањето кичма. Да ставиме крај криминалот и корупцијата. Да ставиме крај на мафијашкото однесување на кланот Заеви. Затоа на 15-ти јули гласаме за ВМРО-ДПМНЕ број 14. И затоа граѓаните ќе одберат обнова.

Latest News

(Видео) Навистина „танцувале со ѓaвoлoт“, потврден кластерот „Градиште“

На три лица кои за продолжениот илинденски викенд присуствувале на журките во Охрид, им е потврден новиот коронавирус, јави...

(Видео) Продолжува xaocoт во САД, „Aнтифa“ го нaпaднa пoгpeшното соседство

Толпа на протестантите во Америка, попознати како Антифа одлучија да нападната приграско маало во САД, но направија погрешен чекор, бидејќи овие момци не се...

Нов ckандал, еве зошто пocкапува струјата

Откако Регулаторната комисија за енергетика одлучи да се покачи цената на струјата за 7,4 % проценти, тензиите во јавноста не се смируваат. Ова покачување...

Преговорите на Заев и Ахмети заглавија кај Зибери

Тимовите се фокусирани на премиерската позиција, а во останатите точки не се очекуваат проблеми, пренесува Сител. СДСМ и ДУИ се во интензивни разговори за формирање...

(Фото) Геолошко чудо сред пустина

Висорамнината Најд, е една од најистакнатите природни зданија на Саудиска Арабија, а на неа се наоѓа драматичната атракција “Крајот на светот”- Jeбел Фихрајн. Станува збор...

More Articles Like This