(Видео) „ВЛАДАТА ИМА САМО ЕДНО ПЕНКАЛО“: Песната на Сашко Коцев на Златна Бубамара за Договорот од Преспа!

  • February 25, 2019
  • Коментари

Во Преспа се потпишуваше Договор, со едно пенкало цела делегација, рече Сашко Коцев на овогодинешната Златна Бубамара на популарноста. Тој на оваа тема испеа и песна.

„Од Влада имаат само едно пенкало, сите нарачки тоа ги потпишало. Референдум, изборни кампањи, тендери, договори. За да може лесно да се дише, Устав се отвори.“

Овој дел од манифестацијата можете да го погледнете од 26-та минута на видеото.

Бидејќи годинава се измислија многу работи, се измисли и Фонд за иновации и ние решивме да аплицираме таму како тим на Златна буба мара со еден изум кој се вика „смарт кант“, ова го вели актерот Сашко Коцев за време на својот скеч на овогодинешната „Златна бубамара“ на популарноста.

-Овој „смарт кант“ е фотелја која е направена на принципот „јас ли зборам, канта ли тропа“, базирана е на таа платформа, нарачани се 120 нови. Ова е една мултифункционална фотелја изработени од телешка кожа, знаете колку е тазе ова? Нема да ти го запоти задникот, нема да викаат леле задникот го испотивме. Толку е тазе кожата, што кравата уште мука по телето и го бара, толку се тазе направени, раскажува Коцев.

Тој додава дека оваа душече од телешка кожа е мемори задник, ти го памети, можеш и по 15 години да дојдеш и те памети таа.

Целата пародија на Коцев за власта погледнете ја од 27:09 минута се до 32:50.

Претходно «
Следно »