May 14, 2021, 2:51 am

(Видео) Вознeмирувачи снимки од kpвавото место на двојното yбиcтвo во Топанско поле

Поврзано

- Advertisement -

Локвите крв и стакло од изрешетаниот автомобил сведочат за убиството кое го потресе Топанско поле. Смртно застрелани биле 24-годишниот Бурим Вардар и 28-годишниот Африм Бериша. Двојното убиство се случило после 2 часот по полноќ на улицата пет која се спојува со булеварот Македонско-косовска бригада.

Безживотните тела на двајцата скопјани биле пронајдени во автомобил „Цитроен“ со скопски регистрации. Околу возилото полицијата пронашла повеќе чаури од пиштол и автоматска пушка.

Полицијата засега нема информации кој и зошто пукал кон автомобилот во кој се наоѓале двете лица. Пукањето ги разбудило жителите на населбата.. Пред камерата на Сител сведочат дека слушнале рафални истрели.

Ова е втор инцидент со огнено оружје неделава. Во понеделникот полицаец беше повреден во Ѓорче откако во него било пукано од автомобил во движење. Во врска со случајот полицијата приведе двајца косовски државјани, но обвинителството ги ослободи бидејќи немало докази дека тие пукале во службеното лице.

Целиот прилог на СИТЕЛ погледнете го во продолжение:

Latest News

Власта во паника: СДСМ барале гасење на сигналот за интервјуто на Николоски

На половина од програмата која во дадениот момент имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи одеднаш се „замрзна“. Вечерва емисијата...

More Articles Like This