(Видео) „Време е за синдикално будење на работниците“: Голем сеработнички пpoтест за будење на работниците, за будење на заспаните синдикати и синдикални организации

Поврзано

- Advertisement -

„Време е за синдикално будење на работниците, за будење на заспаните синдикати и синдикални организации, но и синдикално будење на Владата и работодавците“, со оваа парола денес во 11:00 часот од пред канцелариите на КСОМ, започна големиот сеработнички протест под мотото.

На протестот имаше голем број присутни, што е јасен доказ за незадоволството на граѓаните од состојбата во земјата и револтот поради погрешните политики. Присутни беа вработени во Шумската полиција, Судска полиција, Затворска полиција, вработени во образовниот сектор, железничари, пожарникари, војници по договор, и во најголем број, околу 90 % од присутните беа полицајци.

„Ова е само најава за тоа што ќе се случува понатаму. Ова е предупредувачки протест. Пет години помина од формирањето на Незаввсниот синдикат на полицијата, некој да го игнорира, некој да го маргинализира, некој да не го става на браникот на приоритет на синдикати. Без Независниот синдикат, без чизмата и полицијата, нема да им помине ниту колективен договор, ниту систематизација, ниту нешто што го подготвуваат во законот за полиција и законот за внатрешни работи а се држи во тајност. Ова што денеска сте присутни ја давате поддршката, ми давате дополнително сила и енергија. Сакам да му порачам на министерот за внатрешни работи, со огромна почит и внимание од моја страна, бидејќи ако нипто повеќе, во изминатите пет години овозможија на секој начин да дојде на израз начинот на обезбедување и функционирање на системот на синдикални организации во рамките на министерството. меѓутоа, не може да се случи независниот синдикат да не бииде вклучен во процесот на било што во наредниот период“, истакна претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев.

Делчев кој изрази благодарност до сите припадници на полицијата кои се членови на синдикатот и упати апел до министер

„Господине Министер, до денеска толериравме, дававме, сѐ она што мислевте дека ќе биде, она што МПС ви го порачуваше, ве лажеше, тоа што Сојузот на синдикати ги лажеше овие луѓе. Глумиме одиме во Европа, каква Европа, немаме шанси“, истакна Делчев, додавајќи дека е крај на т.н. синдикати кои наводно ги претставуваат правата на вработените, додека ги користат привилегиите на фотелјите.

Свое обраќање на протестот имаше и Марјан Ристевски, претседателот на Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија КСОМ кој истакна дека министерот за внатрешни работи и министерката за образование сѐ уште не го сфаќаат значењето на независните синдикати, без кои нема напредок во остварување на правата на работниците.

Се обрати и Лазе Костовски во име на здравствените работници, кој посочи дека и вработените во здравството се во иста каша како и полицијата, образованието, армијата и дека секаде се трпат истите притисоци.

„Ние не сме ничии полтрони, ние само го бараме она што го заслужуваме. Не бараме милостини, нека ни го дадат она што е наше,што сме го одработиле, го одработуваме и ќе го одработеме, изјави Коствоски и ги повика оние од фотелјите да се симнат помеѓу работниците и да видат како се вади парче леб.
Костовски побатра јавно да биде споделена систематизацијата, за да се според платите кои таму се наведени со оние кои навистина ги земаат здравствените работници.

Тони Милошевски, претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги, истакна дека, во име на членовите, преку отворено писмо, бара од премиерот Зоран Заев во најкраток можен рок да се потпише колективниот договор, исплатата на К-15 на сите вработени, да се изготви план за вакцинација против ковид-19, признавање на факултетското образование на прераспределување на соодветни работни места на лица кои се примени со средно образование, а во меѓувреме се здобиле со факултетска диплома.

Дренковски Дејан, од Синдикатот на пожарникарите на Република Македонија посочи дека состојбата кај нив е алармантна, поради поместувањето на возрасната граница за примање на нови пожарникари, но и поради промената на возраста за пензионирање, која сега е на 64 години, што е незамисливо со оглед на должностите кои ги вршат пожарникарите.

Илија Јовановиќ, потпретседател на Независниот синдикат при Службата за општи и заеднички работи, алармираше за влошување на состојбата во службата, деградација на вработените и примање на нови, неквалификувани партиски војници.

Претседателот на Независниот кандидат на затворската полиција, кој воедно е претседател на грански Независен синдикат на Јавната администрација, м-р. Горан Ристевски исто така се обрати пред толпата. Ристевски нагласи дека назначувањето на директор, министер, не значи дека министерството, управата или институциите им се дадени на поклон, туку со нив да управуваат согласно уставот, законот за работни односи како устав во работничкото право.

„Како конфедерација на синдикалните организаци на Македонија и независните синдикати, гранските независни синдикати, бараме активно учество во социјалекономскиот дијалог, почитување на законот за работни односи, склучување на колективни договори на ниво на работодавец, активно учество во измени на закон за административна служба и законот за судската служба. Ги повикувам сите вработени во цела администрација да се приклучат кон независните синдикати и конфедерацијата. Им порачуваме на државните синдикати дека тие веќе се историја за работникот“, апелираше Ристевски.

Протестот го заврши Марјан Ристевски, претседателот на Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија КСОМ, кој апелираше да се остварат правата на работниците

„Како претседател на конфедерација, заедно со целот раководство, или ќе ги оствариме барањата на рвработените, или ќе видат што значи синдикат“, заврши Ристевски.

На протестот се обратија и Претседателот на Независниот синдикат на Шумската полиција, Никола Гаговски, и
Претседателот на Независниот синдикат на Судска полиција, Владимир Литовски, Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Аднан Алити, претседателот на Независниот синдикат на образование и наука, Томислав Гиевски, Потпретседателот на Независниот синдикат на образование и наука, Фатмир Мустафа.

Сите едногласно се согласија дека е неопходен итен ангажман на претставниците на власта за подобрување на условите за работа, покачување на платата, потпишување на колективни договори и пред се транпарентност од страна на власта за законите и систематизациите кои ги изготвуваат далеку од очите на јавноста, а кои не соодветствуваат со реалната состојба.

Преносот од протестот можете да го проследите ТУКА

Latest News

Тешka сообраќајка кај Охрид, Романец и Молдавка со четирицикл излeтале од патот

На 16.06.2021 во 22.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Болницата „Св.Еразмо" во Охрид со тешки телесни...

More Articles Like This