October 27, 2021, 4:37 am

(Видео) Вoзнeмирувaчки снимки кoи го прeплaвиjа свeтот: Со кoњи и јaжиња како живoтни фaќаaт мигpaнти во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Белата куќа велат дека ваквиот начин на реакција на американските граничари не е соодветна.

На коњи и со камшици американски граничари растураат мигрантски камп на реката Рио Гранде. Видеа и фотографии снимени во близина на реката се објавуваат во американските и медиумите во светот.

Повеќе од 6.000 мигранти од Хаити и други земји, според информациите, се протерани од кампот во пограничниот град Дел Рио во Тексас на ваков начин.

Министерот за внатрешна безбедност на Тексас предупреди:

„Ако илегално дојдете во САД, ќе бидете вратени. Вашето патување нема да успее, ќе го загрозите својот живот и животот на својата фамилија“.

По повод целата ситуација портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на прашање на новинарите дали ваквото однесување на безбедносните сили е соодветно на состојбата рече дека не е соодветно.

– Видов некои снимки. Немам целосен контекст. Не можам да замислам каков контекст би можел да го направи тоа соодветно. Мислам дека секој што ќе ги види тие снимки не би помислил дека е прифатливо или соодветно – рече таа.

Последните неколку недели, повеќе од 12.000 жители на Хаити пристигнаа во Дел Рио, собирајќи се во огромен импровизиран камп . Тие изјавуваат дека не сакаат да се вратат во својата земја, која е во криза поради последиците од разорниот земјотрес, но и убиството на претседателот.

Видеото погледнете го ТУКА.

Latest News

(Видео) Пентагон алapмира: ИСИС-К е потполно способна да ги нaпaднe САД во рок од 6-12 месеци

ИСИС-К и Ал Каеда би можеле да имаат способност да нападнат американски цели за „6-12 месеци“ - изјави Колин...

More Articles Like This