(Видео) Го иcкapa кaкo “мало дете”: Спасовски пpeд кaмepитe мy зaбpaни дa гoвopи нa нeгoвиoт заменик

Поврзано

- Advertisement -

Назим Буши, вториот човек во МВР, стави заштитна маска. Ако пред четири дена од позиција на заменик-министер заедно со сопартијците организираа роденденска забава за Али Ахмети без маски, Буши денеска ги почитуваше протоколите. Побаравме, заменик-министерот да раскаже за седенката во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Но, се вмеша министерот Спасовски.

„Не, јас ќе одговорам, затоа што тој е казнет. Не може да одговори и затоа што е казнет сега носи маска. Ако не беше казнет, можеби сега немаше да ја носи маската и казнети се сите што седеа на таа маса дали се тоа пратеници или министри.“

Трудовиот инспекторат денеска му пиша казна од 500 евра на првиот вицепремиер Артан Груби, кој му беше домаќин на партискиот врв од Мала Речица. Инспекторите утврдиле непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Министерот за здравство пак, смета дека казните за функционерите на ДУИ се добра порака дека системот функционира.

„Мерките важат за сите. Ете и тие колеги излегоа јавно и кажаа дека ќе ги платат казните предвидени со сите тие мерки протоколи и санкции, што мислам дека е одличен знак и доказ дека Законот важи за сите.“

Пред четири дена, сопартијците од ДУИ се собраа во министерството со кое раководи Груби. Објавија заедничка фотографија на која се гледаа 15 насмеани функционери кои не носат заштитни маски, ниту пак држат растојание меѓу нив. По реакциите на јавноста, полицијата ги казни сите со по 20 евра – сума која се намалува двојно ако ја платат во рок од осум дена. Освен полицијата и Трудовиот инспекторат, кривична за собирот има и до Обвинителството. Ја поднесе активистот Марјан Ненов, кој случајот го пријавил врз основа на апелот на министерство каде самиот Буши е заменик-министер, а каде граѓани може да пријавуваат собирања на повеќе од четири лица.

Линкот може да го погледнете тука.

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This