(ВИДЕО) ГУМИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ КОНЕКТИРААТ НА 5G МРЕЖА: Пpoизвoдитeлот на гyми Pirelli се нaдeва дека ќе ycпeе во cвoјот плaн

  • December 8, 2019
  • Коментари

Интернетот на нештата го доживува својот процут како што ултрабрзата 5G мрежа ја отвора комуникацијата меѓу се што гледаме околу нас – од тостерот до пејсмејкерот, од фрижидерот до облеката што ја носиме. Така се создава една дигитална утопија во која се „разговара“ меѓусебе. Ако производителот на автомобилски гуми Pirelli успее во својот план, и автомобилските гуми ќе станат паметни и ќе „разговараат“ не само со вашиот автомобил, туку и со други автомобили и со патната инфраструктура.

Сега прашањето е за што може да „разговараат“ гумите. Е па првата автомобисла гума во светот со опција за поврзување на 5G, Pirelli Cyber Tire, има сензор, процесор и диск за комуникација што е со големина на средна монета. Тие се вградени во гумите и имаат за цел постојано да следат повеќе променливи како притисокот во гумите, температурата во гумите, забрзувањето по оските и споспобноста да почуствуваат вода и мраз на патот.

Cyber Tire потоа тие информации ги испраќа до автомобилот, заедно со пpeдyпрeдувaњa од типот на „Патот пред нас е влажен“ или „Детектирам мраз на патот“ или „Автомобилот е претоварен“. Од Pirelli размислуваат да воведат и пpeдyпpeдувaњa за прилагодување на брзината на условите на патот.

Претходно «
Следно »