May 14, 2021, 2:57 am

(Видео) Двe cojyзни дpжaви ja ykинaa мepкaтa зa нoceњe нa мacки, Бајден co ocтpa пopaкa: “Тoa e paзмиcлyвaњe нa нeaндepтaлци”

Поврзано

- Advertisement -

Претседателот на САД, Џо Бајден оцени дека одлуката да се укине задолжителното носење на маски, каква што донесоа гувернерите на Тексас и Мисисипи, претставува „неандерталско размислување“ затоа што бројот на починати и натаму расте.

На прашањето дали има порака за Тексас и Мисисипи, новиот американски претседател порача дека „мисли дека тоа е голема грешка“.

„Видете, се надевам дека сите досега сфатија дека тие маски ја прават разликата“, изјави Бајден.

Американскиот претседател истакна дека се поголемата достапност на вакцините помага во сузбивањето на пандемијата, но од клучна важност е луѓето да останат внимателни, да носат маски, да ги мијат рацете и да одржуваат растојание.

„Последната работа, последната работа која ни треба е неандерталското размислување „се е во ред, тргнете ги маските“. Заборавете на тоа. Се уште е важно да се носат маски“, наведе Бајден.

Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс претходно утврди дека во оваа сојузна држава повеќе „немаат здравствена криза“.

„Би сакал претседателот да се сконцентрира кон верувањето во Американците, а не кон навредувањето на Американците“, порача Ривс.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот во вторникот го објави најголемото укинување на мерките против коронавирусот од сите американски држави, истакнувајќи дека најголемиот број на компании може да бидат отворени во полн капацитет од идната седмица, како и тоа дека се укинува задолжителното носење на заштитни маски.

„Време е 100% да го отвориме Тексас“, изјави Абот, Републиканец кој е во својот прв мандат како гувернер на сојузната држава.

Абот порача дека наредбата стапува на сила веќе на 10-ти март.

Latest News

Власта во паника: СДСМ барале гасење на сигналот за интервјуто на Николоски

На половина од програмата која во дадениот момент имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи одеднаш се „замрзна“. Вечерва емисијата...

More Articles Like This