(Видео) ДЕMOHCТPАНТИТЕ ЈА ФАТИЈА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА: Истуpија боја врз неа, па ја иcшишаа

  • November 8, 2019

Граѓаните на Ла Паза, незадоволни од ситуацијата во Боливија, излегле на улица ширум државата за да протестираат против актуелната власт.

Како главна причина за протестите, демонстрантите ја навеле наводната нерегуларност на изборите, на кои Ево Моралес победи.

Покрај Ла Паза, најдинамично било во Винто, каде граѓаните ја нападнале градоначалничката Оатрисија Арче, која ја извлекле на улица, притоа полевајчи ја со црвена боја, а потоа ја ишишале.

Винто е град со 60.000 жители, преплавен со луѓе со маски кои го уништуваат градот со палки и камења.

Градоначалничката Арче, членка на владејачкото Движење за социјализам, антивладините демонстранти ја дочекале на излезот од владината зграда. Ја обвиниле дека регрутирала симпатизери од власта на Моралес и ги доведувала во град за да ги разбијат протестите, наведуваат странските медиуми.

Претседателот Ево Моралес го осудил нападот на градоначалничката велејќи дека за демонстрантите злосторство е да се биде жена, како и дека Боливија се соочува со она што е окарактеризирано како нов бран на фашизмот, пренесува б92.

Во протестите момче го загуби животот, што е вкупно трета смрт од 20. октомври, кога беа одржани изборите.

Претходно «