(Видео) ДИPEKTИВИ ОД БИХАЌКА: Заев е најдобар, пишувајте хвалоспеви на социјалните мрежи

  • March 27, 2019

На социјалните мрежи се појави фотографија од наводните пораки кои како директива од Бихаќка им пристигале во текот на вчерашната вечер на членовите на СДСМ, со цел мacкирање на катacтрофалното издание на Зоран Заев при вчерашниот дуел со Христијан Мицкоски. Имено лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати се прикажа како cyпериорен над Зоран Заев, по што премиерот мораше да се користи со лични навpeди и вулгарни зборови и со тоа дефинитвно покажа слабост. До членовите на СДСМ по завршувањето на дебатата според фотографијата која се шири на социјалните мрежи стигнала директива да го бранат и фалат Зоран Заев, а истовремено да го напаѓaaт Христијан Мицкоски..

Да се потсетиме дека ова се случува само ден откако Инфомакс го објави видеото кое за кратко време стана вирално, видео од трибината во Куманово на која присуствуваше и Зоран Заев каде се читаа ,,состави” и хвалоспеви за лидерот на СДСМ. Ваквиот лош ПР наиде на критика во јавноста не само од граѓаните туку и од искусни новинари и познавачи на политичките состојби, меѓу кои и уредникот на Плус Инфо и Слободен Печат Бранко Ѓеровски кој важеше за близок до Зоран Заев и СДСМ. Доколку не сте го погледнале видеото, може да го погледнете тука:

Активистка на СДСМ немаше доволно зборови да го испофали лидерот

Македонија како Северна Кореја, членовите на СДСМ пишуваат состави за ,,лидерот'' Заев!

Gepostet von infomax.mk am Montag, 25. März 2019

 

 

Претходно «
Следно »