January 27, 2021, 2:45 am

(Видео) Додека пocкапува струјата, ЕЛЕМ pacпиша тендер за набавка на вода од три милиони денари

Поврзано

Проектот на Заев, Царовска мува не ја лази за проблемите на вкупно 37.000 ученици, основци и матуранти

Најпромовираниот проект на Зоран Заев, Мила Царовска, моментно на позиција министер – реформатор на образованието за потребите на Заев,...

Силјановска: Ниту еден меѓународен стандард не зборува за државјани на една држава кои се надвор подолго од 12 месеци

Гордана Сиљановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа во врска со пописот вели дека не може да зборуваме...
- Advertisement -

Додека струјата поскапува за 7,5%, ЕЛЕМ распишува јавна набавка на газирана и негазирана вода за скоро 3 милиони денари, изјави Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта на Заев во екот на зголемување на цената на струјата не престанува ниту со разузданото трошење на народните пари. Тоа го прави токму преку ЕЛЕМ, еден од чинителите поради кои се поскапува струјата. Имено на 29 јули, два дена пред поскапувањето на струјата, ЕЛЕМ склучило договор по тендерот за јавна набавка на минерална газирана и негазирана вода која го распишала компанијата во износ од скоро 3 милиони денари или околу 50 илјади евра за потребите на РЕК БИТОЛА. Компанијата која за да го заштити својот профит бараше поскапување на струјата во исто време набавува вода во износ од 50 илјади евра само за РЕК БИТОЛА“, рече тој.

Со други, додаде Антовски, зборови народот ќе плаќа поскапа струја за 7,5%, а ЕЛЕМ ќе набавува газирана и негазирана вода од скоро 3 милиони денари или 50 илјади евра

„Ова е само еден од показателите на недомаќинското работење на власта на СДСМ и ЗАЕВ. Тие изминатиот период во енергетските компании кај што платите се далеку над просекот вработуваа партиски војници, непотистички вработуваа роднини на функционери, делеа бонуси, правеа сомнителни милионски тендери, цело време со парите од граѓаните, за сега без срам да бараат народот да им го плаќа нивното неодговорно работење“, кажа тој.

Latest News

(Видео) Ekcплозијата го потрeсе Ријад

Експлозија го потресе главниот град на Саудиска Арабија Ријад во вторникот, три дена откако кралството пресретна и уништи проектил. Корисниците...

More Articles Like This