December 4, 2021, 4:40 pm

(Видео) Драма во НБА: Леброн исклучен поради удирање со лакт на Стјуарт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс беше исклучен ноќеска на натпреварот со Детроит. Џејмс на девет минути до крајот на третата четвртина намерно со лактот го удри во лице центарот на Детроит пистонс, Исаја Стјуарт по борба за топка по едно слободно фрлање. Стјуарт доби исеченица на аркадата по што тргна физички да се пресметува со Леброн, но беше задржан од соиграчите и безбедносните служби.

По инцидентот, Стјуарт отиде во соблекувалната, а вработените во арената ги замолија гледачите да останат на своите места. Токму во Детроит се случи најлошата тепачка во историјата на НБА, кога во 2004 година Рон Артест, Џермејн О’Нил и Стивен Џексон од Индијана пејсерс претепаа неколку локални навивачи.

Ова беше второ исклучување во кариерата на Леброн Џејмс. Во 2017 година тој беше исклучен поради расправија со судиите.

Стјуарт веќе имаше кавга со Блејк Грифин претходно оваа сезона.

На крајот Лејкерс го добија натпреварот со 121:116.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Xopop во Кисела Вода: Cилyвaна 21 годишна девојка од пријател на нејзиното поранешно момче

На 03.12.2021 во 18.00 часот К.Н.(21) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода ѝ била извршена обљуба...

More Articles Like This