October 19, 2021, 4:59 pm

(Видео) Дрон снимил фасцинантна средба на 15 метарски кит и жена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дрон снимил фасцинантен момент на блиска средба помеѓу огромен кит и жена на џет-ски. Моментот се случил на аргентинскиот брег во близина на Пуерто Мадрин.

Жената била среде океан на скутер, кога до неа допливал кит долг 15 метри. Огромниот цицач се свртел странично и со перката го турнал скутерот и продолжил да плива.

Имено, во тек е сезоната на преселба на китовите од патагонскиот брег, а во тој дел од Аргентина доаѓаат бројни туристи токму за да ги набљудуваат овие величествени животни. Сезоната на набљудување китови трае од мај до декември, а во последниот миграциски пат пристигнале околу 1600 цицачи.

Latest News

Европа ја поздравува победата на ВМРО-ДПМНЕ, Секретарот на ЕПП со поддршка за Муцунски

Меѓународниот секретар на Европската народна партија (EPP) Патрик Волер, преку социјалните мрежи, ја поздравува победата на ВМРО-ДПМНЕ уште во...

More Articles Like This