December 2, 2021, 4:37 am

(Видео) „Дajтe мy ja нaгpaдaтa зa нajгoлeм кpeтeн нa ОИ“: Нajcpaмниoт пoтeг нa Oлимпиcкитe игpи вo Токио

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маратонската трка на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио кои завршија вчера ќе остане запаметена и по неспортскиот потег на Французинот Морхад Амдуни, кој очигледно заборави на основните спортски принципи и ферплејот, па ги налути и ривалите и спортската јавност.

Тој на половина од трката мина крај местото каде имаше наредено чаши со вода и ги истури сите, потоа земајќи ја последната, оставајќи ги противниците без освежување.

Амдуни во тој момент се натпреваруваше со Абди Нагеје од Холандија, кој остана без вода, но со тоа само го мотивираше противникот. Холанѓанецот на крајот стигна до второто место и сребрениот медал, додека Амдуни ја заврши трката на очајното 17. место.

Дајте му ја наградата за најголем кретен на ОИ“, напиша британскиот новинар Пирс Броснан објавувајќи го видеото од неспортскиот потег на Французинот.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Вучиќ открива: Дeмонстpaнтите на пpoтecтот беа вoopyжени

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека за насилството што го предизвикаа демонстрантите на протестите при блокадата на патот...

More Articles Like This