October 18, 2021, 6:27 pm

(Видео) Дpaмa нa cpeд eмиcиja вo живo: Ha вoдитeлки им coопштилe дeкa ce пoзитивни нa кopoнaвиpyc, пa ja нaпyштиja cцeнaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На водителите Ана Наваро и Сани Хостин среде американското шоу „The View“ на телевизијата ABC им беше кажано дека мора да го напуштат шоуто.

– Вие две мора да излезете на кратко, им рекол човекот зад камерите.

Ана и Сани биле вакцинирани со двете дози, но морале да го напуштат студиото пред доаѓањето на американската потпретседателка Камала Харис, бидејќи им било потврдено дека имаат коронавирус. Со нив во студиото биле уште двајца водители.

– Се чини дека тука се случува нешто за што не сум 100 проценти свесна. Може ли некој да ми објасни што се случува?, коментираше водителката.

Потоа им објасни на гледачите што се случува.

– Бидејќи ова ќе биде главна вест во секој момент, Сани и Ана очигледно се позитивни на коронавирус. Колку и да се трудите, вакви работи се случуваат, тие веројатно брзо ќе закрепнат и сигурно ќе биде добро, бидејќи и двете се целосно вакцинирани, вели Бехар.

Потпретседателката Камала Харис потоа се приклучи во шоуто од друго студио во центарот АБЦ во Њујорк. Извадок од шоуто беше објавен на Твитер и има милион прегледи за еден ден.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

(Видео) Во Шпанија откриена најголемата плантажа со мapиxуана во Европа, зaпленети 135.000 стебла

Агентите на Граѓанската гарда запленија 135.000 стебла марихуана на фарма на 50 километри јужно од Мадрид. Полициските извори наведуваат дека...

More Articles Like This