(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: Cвeдoштво на Македонците кои се на „пpoколнатиот“ крузер, на кој имаше пациенти со дијагнocтициpaн кopoнавирус

  • February 10, 2020
  • Коментари

Не сме ни малку заштитени, бараме да бидеме прегледани, но сè уште не сме, работиме иако немаме услови за работа, лоша е состојбата на бродот, ама ние “фала богу“ сме добри. – Вака, ексклузивно за Алфа, сведочи велешанката Стефани Панова една од тројцата Македонци “заробени” на крузерот “Дајмонд Принцес”, закотвен во Јокохама.

“Од опрема имаме само маска и ракавици, кои и не се баш квалитетни, а сето тоа не е доволно за да се заштитиме од коронавирусот. Бараме да не прегледаат, но ни велат дека немало потреба. Само не скенираа, за дали го имаме првиот симптом, покачена температура. Не загрижува тоа што имаме допир со гостите, а тоа е опасност за нас” – изјави за Алфа Стефани Панова.

Алфа контактираше и со уште еден од Македонците вработени на крузерот, кој во последен момент одлучи да остане анонимен. Тој е загрижен за својата судбина, но сепак повикува на смиреност.

“Останува трпение и смирение и силна вера за да помине ова искушение. Не се предаваме, се држиме цврсто.” – вели еден од вработените на бродот.

Загриженоста расте и кај најблиските на тројцата Македонци, сестрата на една од нив, се жали дека грижата била посветена само на оние кои се заразени.

“ Секојдневно се слушаме, нормално е да сме загрижени сепак, вирусот се пренесува многу брзо. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред, и со нетрпение ја чекам да се врати .” – изјави за Алфа роднина на велешанката Панова.

Додека информациите за состојбата на македонските државјани се прелеваат на социјалните мрежи, МНР по пет дена, се огласи за нивната здравствена состојба. Тврдат дека никој од Македонците таму не побарале помош од министерството, иако луѓето преку сите медиуми очајно сакаат да се поврзат и спасат. Само Алфа два пати се обидуваше преку портпаролот да добие информации.

“Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот и се наоѓаат во добра здравствена состојба,” се вели во официјалните информации од МНР.

На крузерот “Дајмонт Принцес” се вработени повеќе од 1.000 луѓе од 56 земји, голем дел се од земјите од регионот. Бродот е ставен во карантин до 19-ти Февруари – дотогаш судбината на патниците и екипажот останува неизвесна.Во меѓувреме, денеска откриени се нови 60 заразени луѓе, со тоа ,вкупниот бројот на заболени од коронавирус на крузерот се искачи на 130. А уште со поголема брзина овој вирус се шири и во Кина, како и во остатокот на светот. Бројот на починати досега порасна на 908 лица.

Извор: Алфа

 

Претходно «