(видео) ЕКСПЛОЗИЈА ВО СКЛАДИШТЕ ЗА МУНИЦИЈА: На 170 километри од Киев огромна експлозија

  • October 9, 2018

Околу 10.000 луѓе се евакуирани откако пожар и експлозија утрово во складиштето за муниција во украинското Министерството за одбрана, оддалечено 176 километри источно од главниот град Киев, јавија официјални лица. Министерството за одбрана се наоѓа во Чернигивската област.

Засега нема податоци за жртви и не е јасно дали експлозијата е предизвикана од несреќен случај или се работи за саботажа.

Областа во радиус од 20 км е затворена, и сообраќајот е прекинат. Стотици лица се упатени на местото на несреќата објави службата за вонредни состојби, како и командантот на украинските вооружени сили.

Во последните години неколку големи пожари во складишта за муниција избија во Украина, која од 2014 се соочува со побуна на проруските сепаратисти во своите источни провинции.

„Околу 10.000 луѓе се евакуирани“, соопшти службата за вонредни состојби.

„Од 04:22 утрово воздушниот простор во радиус од 20 километри е затворен. Железничкиот и патниот сообраќај се прекинати“, се наведува.

Големата експлозија од минатата година во воен магацин во провинцијата Виничја, 270 километри западно од Киев, ги принуди властите да евакуира 24.000 луѓе.

Претходно «
Следно »