May 16, 2021, 9:35 am

(Видео) Живот за сите: Што ветуваа, а што добивме?

Поврзано

- Advertisement -

Изминува четвртата година откако на власт е најкриминалната, најкорумпираната, најнеорганизираната Влада во историјата на Република Македонија . Влада, која за жал освен со низата криминални афери не може со ништо друго да се пофали, како на државно, така и на локално ниво во општините каде победија со поткуп и манипулации на народот.
Ветуваа нови фабрики, училишта, градинки, нови патишта и булевари, ветуваа „живот за сите“, а што добивме , изјави денеска во коментар на денот, Даниела Христова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

– Уште неколку месеци изминува мандатот на градоначалникот на општина Виница – Ивица Димитров, а до денес НЕ видовме реализација на ниту еден капитален проект од програмата „Живот во Виница“. Во 2017-тата година во предизборната кампања, на граѓаните на општина Виница и околните населени места, им беа ветени:
-Брана на реката Сушица;
-Булевар на влезот од градот;
-Затворен градски пазар;
-Велосипедски патеки и кружни текови;
-Ветија намалување на цената на водата и другите комунални давачки за 30% и намалување на таксите за јавна површина;
-Локалната власт во предизборието на пензионерите им вети реконструкција на Пензионерскиот дом;
-На учениците од ОУ „Гоце Делчев“ спортска сала;
-На учениците од ОУ „Никола Парапунов“ во с. Драгобраште ветија нов кров на училиштето;
-Ветија отворање на нови работни места и зајакнување на економијата во нашиот град, а со тоа и повисок животен стандард, тврди таа.

– Сето ова остана само на лист ХАРТИЈА. Затоа, сега и никогаш повеќе да не се повтори Социјалдемократскиот сојуз во Виница, посочи Христова.

Latest News

Дневен xopockoп за 16. мај 2021 година

Дневен хороскоп за недела, 16. мај 2021 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го...

More Articles Like This