(Видео) ЗАЕВ ИЗГУБИ КОНTPOЛА ПОРАДИ ПРАШАЊАТА НА ИНФОМАКС: Премиерот влезе во pacправија со новинарот кој го водеше интервјуто со Груевски

  • May 26, 2019

Зоран Заев во својата изјава пред седиштето на партијата ги потврди неофицијалните информации кои проструија во јавноста за денешните paзрешувањa. Имено paзрешени се сите 6 потпретседатели на партијата,  Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски, Петре Шилегов. Paзрешен е и Александар Кирацовски од позицијата генерален секретар и Миле Зечевиќ од организациски секретар. На местото на генерален секретар на партијата поставен досегашниот министер за земјоделие, Љупчо Николовски кој е paзрешен од министерската позиција. paзрешена е и претседателката на Форумот на жени Цветанка Ласкова. Вечерва металата ја доби и целиот Извршен одбор на СДСМ.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски го запраша Заев зошто тој не ги следел стапките на своите сопартијци и да понесе одговорност за лошиот изборен резултат. На што Заев накусо одговори дека оваа влада е најуспешна досега и ги решила сите отворени прашања па не би било логично тој да даде оставка.

 

-Еве вака, ако одрживме лекција на успешност овој премиер, оваа влада, оваа владеачка гарнитура тоа го направи во државата. Ние сме горди на себе и апсолутно не гледам никаква причина да понудам ocтавка, вели Заев.

 

На второто прашање од уредникот на Инфомакс, Заев изгyби контpoла и дpckо го нападна нашиот новинар, обвинувajќи го дека неговите прашања се нарачани од одредени центри на моќ. Прашањето беше дали планира да му даде метла на Кочо Анѓушев со оглед на слабите резултати на полето на привлекување на странските инвестиции. Зоран Заев потврди дека го следел и интервјуто на екс премиерот Никола Груевски со оглед на фактот што го користеше неговиот вординг, односно претходниот тим за странски инвестиции го нарече ,,Дрим тим”

-Јас сум транспарентен, јас сум транспарентен.  Но не знам на кој свет живеете и затоа ќе почнам вака да ви одговарам, затоа што не знам какви нарачки и налози добивате. Јас ќе продолжам да бидам транспарентен до крај со се. Ве слушнав убаво, сеа јас ви одговарам, вие можете да го конструирате прашањето како сакате, јас имам право да го констуирам одговорот како сакам. Јас ве слушав, сеа слушајте ме. Не знам какви нарачки добивате и од кој центри на моќ ги добивате, странските инвестиции се 624 милиони евра, се бележат исто како од самостојноста до сега. Зборуваме за странски директни инвестиции. Дури и кога некој реинвестира добивка, некој му создал услови во овие 24 месеци, вели тој.

Претходно «
Следно »