(Видео) Заев тyжибaбa – ќe гo кoдoши eвpoкoмecapoт Вapхеји кaj нeгoвaтa шeфицa

Поврзано

- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев во понеделник ќе отпатува во Брисел каде ќе се сретне со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

Од Владата за ТВ 24 потврдуваат дека ќе има средба, но деталите за состанокот и темите на разговор ќе ги соопштат утре. Се очекува премиерот Заев и Фон Дер Лајен да разговараат за пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија. 

Средбата доаѓа по минатонеделната изјава на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој за „Еуроњуз“ потенцираше дека е можно раздвојување на Македонија и Албанија во пристапниот процес кон Европската Унија. Тој рече дека Брисел би можел да ги продолжи разговорите со Албанија за членство во ЕУ дури и во време кога преговорите со Северна Македонија се во застој поради бугарското вето.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи пак смета дека Македонија и Албанија нема да бидат раздвоени на патот кон ЕУ, оти тоа е погрешна дебата и ние не треба да се откажеме од можноста да се одржи меѓувладината конференција во јуни и да се почнат преговори. 

„Прво, мислам дека погрешна е дебатата што се насочува во јавноста. Ова не е прашање дали Албанија ќе ги почне преговорите или не, тоа е прашање на Албанија. Ние го поставуваме прашањето дали ние треба да ги почнеме преговорите, сметајќи дека сме ги исполниле сите критериуми, дури и сме ги надминале, во поглед на политичките, во поглед на економските и во поглед на транспонирањето на евроското законодавство. Затоа овој имагинарен ѕид за започнување на преговори не само што стана симбол на нашите европски аспирации, туку стана тест на кредибилитетот на ЕУ.“ – изјави Османи. 

Тој додаде дека има политичка одлука за започнување на преговорите на С Македонија со ЕУ и смета дека проблемот со Бугарија може да се надмине и со техничката влада на Бугарија. 

„Ако не се спроведуваат политичките одлуки, тогаш зошто се носат? Сите земји-членки на ЕУ се согласија дека С Македонија треба да ги почне преговорите. Ние сметавме дека по изборите во Бугарија ќе се формира влада и дека процесот ќе продолжи за надминување на спорот, но очигледно таму ќе има техничка влада, што не значи да не се продолжи со разговорите. Одлуката за првата меѓувладина конференција е техничка одлука бидејќи политичката одлука за почеток на преговори беше донесена во март минатата година.“ – изјави Османи. 

Османи повтори дека земјите од регионот како Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора будно го следат процесот на С Македонија кон ЕУ, односно следат како ЕУ ќе одговори кон нас, бидејќи како што рече земјава има нетипичен и брз развој во исполнување на потребните барања за отпочнување пристапни преговори.

Latest News

(Фото) Уaпceн македонски државјанин во Драч со 300 килограми kokaин

Околу 300 килограми кокаин денеска беа запленетина пристаништето во Драч во Албанија. Кокаинот бил сокриен во камион со македонски...

More Articles Like This