(Видео) ЗАПЛЕНЕТИ НАД ЕДЕН ТОН КОКАИН, ПАРИ И ОРУЖЈЕ: Уапсени осум Албанци во голема акција на грчката полиција

  • January 25, 2020
  • Коментари

Повеќе од еден тон кокаин и четвртина милион евра беа запленети во акција на грчката полиција во градот Астакос, пренесува „Катимерини“. Вредноста на запленетата дрога се проценува на 50 милиони евра.

Грчката полиција уапси девет лица и заплени големи количини кокаин и пари во прогон што траеше половина година, соопшти грчката полиција.

Полициската операција кулминираше со апсењето на девет лица во градот Астакос, заплети вкупно 1,18 тони кокаин, нешто повеќе од 233 000 евра, „калашников“, три пиштоли и 19 мобилни телефони, јавува РТС.

Шест од деветмината се Албанци. Албанскиот весник „Панорама“ тврди дека Александар Пемај, кој е познат како еден од главните организатори на албанското подземје во Грција, е меѓу уапсените.

Останува нејасно дали се уапсени организаторите на целата операција за шверц или биле ангажирани луѓе за да дистрибуираат кокаин од Грција.

Кокаинот запленет од грчката полиција потекнува од Сент Винсент од Карибите, кој на крајот стигна до Грција преку Доминиканската Република.

Полицијата во Грција ја заплени дрогата, откако американската агенција за борба против наркотици изјави за ДЕА дека во авионот биле натоварени големи количини кокаин.

Дрогата ја платил албански државјанин, а клучен оператор на операцијата е Арап кој живее во Шпанија, соопшти грчката полиција.

Претходно «
Следно »