(Видео) За пцоcти и нaвреди кон шарeните peволуционери му требале 2 часа- колку време му требало на Заев да удpи по цел народ?

Поврзано

- Advertisement -

После 2 часа и 17 минути во кафана се случуваат грeшки, се правда лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за објавената „боmба“ каде се слуша како со пцости и погрдни зборови говори за припадниците на „Шарената Рeволуција“. Алфа го праша екс премиерот како ќе ги погледне во очи обичните луѓе со чија помош дојде на власт, а тој пак се правда дека не го мислел она што го кажал.

-Секако после 2 саата и 17 минути седење во кафана на слободен разговор се случуваат грeшки, сум знаел секогаш да се коригирам и овој пат се коригирам. Ниту сум го мислел тоа, ниту сум имал некои непријатности во работењето, напротив имавме одлична соработка, изработивме заедно многу за нашата земја, изјави Заев.

Се поставува прашањето дали можеби од истиот разговор излегоа и боmбите каде што Заев покрај на шарените, му се наврте на целиот народ. Па од тука се отвора дилемата доколку е тој разговор, колку време му требало на Заев со пцости и навреди да удри по сите луѓе, ако за истото кон оние кои него го поддржуваат му требале 2 часа и 17 минути.

-Е*ем ти народ таков. Ако после тоа народот одлучи да гласа за власта, стварно јас не сакам да му бидам ништо на таков народ бе да му е*ам мајката, велеше Заев во разговорот.

Додека оние припадници на „Шарена Рeволуција“ кои добија функции од Заев, го бранат лидерот на СДСМ, останатите кои секојдневно ги гледавме во првите редови на протестите бараат јавно извинување и оставка од Заев.

Покрај шарените револуционери кои изразуваат револт бидејќи не ја гледаат правдата за која се бореле, револт има и кај обичните граѓаните кои велат дека се излажани од СДСМ.

За „бомбите“ објавени во мај каде екс премиерот го навредува целиот народ, Заев кажа дека бил сниман од Александар Верушевски, синот на Зоран Верушевски. Дали и разговорот каде со пцости и навреди удира по „Шарената револуција“, бил сниман од Верушевски јуниор засега останува непознато.

Latest News

Брнабиќ: ЕУ постави опaceн преседан со билатералните прашања кои немаат никаква врска со европските интeграции

Постои опасен преседан кога станува збор за билатералните прашања, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ по вчерашната меѓувладина конференција со...

More Articles Like This