January 27, 2021, 2:46 am

(Видео) Зошто СДСМ кpиe неколку cтoтици илjaди eврa за peклaми на социjaлни мpeжи и од каде им се?

Поврзано

Проектот на Заев, Царовска мува не ја лази за проблемите на вкупно 37.000 ученици, основци и матуранти

Најпромовираниот проект на Зоран Заев, Мила Царовска, моментно на позиција министер – реформатор на образованието за потребите на Заев,...

Силјановска: Ниту еден меѓународен стандард не зборува за државјани на една држава кои се надвор подолго од 12 месеци

Гордана Сиљановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа во врска со пописот вели дека не може да зборуваме...
- Advertisement -

СДСМ е најнетранспарентната политичка партија во Република Македонија и тоа поттикнува многу сомнежи. СДСМ овие избори ги изведе на најнедемократски начин, вршејќи најголем изборен грабеж и поткуп на терен, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Во извештајот поднесен до ДЗР за потрошени средства во кампањата од страна на коалицијата „Можеме“, СДСМ ги крие трошоците и сумите кои ги потрошиле за одредени ставки и спецификации. Зошто? Најверојатно сомнителни им се изворите на пари и затоа не се транспарентни да ги објават, колку суми и колкави пари потрошиле за оваа кампања. Доколку внимателно се погледне извештајот, во ниту една ставка не може да се најде извештај и сума колку пари потрошиле СДСМ и коалицијата „Можеме“ за рекламирање и рекламен простор, односно платени, спонзорирани реклами на социјалните мрежи, конкретно на Фејсбук, Инстаграм итн, посочи тој.

Арсовски оцени дека очигледно е дека кријат свесно и свесно сакаат да ги изманипулираат граѓаните.

-Но, да потсетиме, во текот на кампањата излезе анализа од експерти низ медиумите, дека СДСМ дневно троши на социјалните мрежи за реклами околу 27.000 евра на ден, што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра реклами, само за на социјалните мрежи. Прашањето е следно, зошто овие суми не ги пријавува СДСМ и од каде им се овие суми на пари за финансирање на социјалните мрежи. Дали можеби тоа се парите од рекетот кој го изрекетираа Заеви и СДСМ во милионски суми, за кој што се уште не одговараа? Дали нетранспарентноста на СДСМ ја потврдува тезата дека СДСМ оваа кампања ја финансирала т.н. „црни пари”? Ова се прашањата на кои што треба да ги одговорат од СДСМ, порача тој.

Latest News

(Видео) Ekcплозијата го потрeсе Ријад

Експлозија го потресе главниот град на Саудиска Арабија Ријад во вторникот, три дена откако кралството пресретна и уништи проектил. Корисниците...

More Articles Like This