(Видео) Им ја смpзнa крвта – Aмepиканците го нарекоа Bpecкач: Ова е новиот pycки лoвeц

Руската државна корпорација за одбрана „Ростех“ објави видео на Јутјуб во кое го промовира нов ловец. Авионот, кој во Америка беше наречен „Врескач“, ќе биде претставен на Интернационалниот воздушен и вселенски салон „MAX-2021“.

Контурите на предниот дел од авионот може да се видат на видеото за прв пат, а исто така беше откриено дека авионот ќе го произведува компанијата „Сухој“. Покрај тоа, елементите и контролите на таблата со инструменти може да се видат на видеото.

Покрај фотографиите, на телеграмскиот канал „Воена историја на оружјето“ се појави видео со ексклузивни кадри.

Како што објаснува весникот „Руска газета“, снимката е направена во затворен хангар каде што се подготвуваат авионите за премиерата. Според весникот, бојата на авионот наликува на ловецот Су-57, сепак, на авионот може да се забележи бројот 75, што може да укаже дека авионот го добил името Су-75.

Видеото можете да го погледнете тука.