January 16, 2021, 9:50 am

(Видео) Инфoмaкc го пpeдупреди 3aeв за бугapcкото вeтo: Eвe штo говopeше кога ce пoтпишyвaшe Договopoт

Поврзано

Бeз ЕУ нeмa aлтepнaтивa, члeнcтвoтo вo ЕЕЗ caмo пpeoднo peшeниe

Идејата за членство во Европската економска зона која овозможува слободен европски пазар, размена на работна сила и слободен транспорт...

Akтивни 16.231 cлyчaj co Koвид-19: Pacте бpoјoт нa oздpaвeни пaциeнти

До вчера во земјава беа регистриарни 16231 активни случаи на Ковид-19, од кои најголем број – 9985 се од...

Македонија, Црна Гора и Албанија воведоа caнкции кон Белорусија

Пет европски земји се приклучија на санкциите на Европската унија против Белорусија, објави Советот на ЕУ. „Земјите-кандидати: Република Македонија, Црна...
- Advertisement -

Зоран Заев ликуваше пред потпишувањето на Договорот со Бугарија, посочувајќи ги и на целата македонска јавност наводните придобивки кои ќе следуваат од истиот. Но Инфомакс уште од самиот почеток жестоко го критикуваше Договорот поради недостатокот на реципроцитет и обврски за бугарската страна, но и големиот број обврски за Македонија.

На прес конференцијата во Владата на Република Македонија на 1-ви август 2017-та година, прашања поставуваше репортерот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ чие прво прашање се однесување на балансот на права и обврски во Договорот за двете страни.

-Во Договорот има обврски само кон Република Македонија, никаде нема обврски за Република Бугарија за истите точки, гласеше прашањето на Стоилковиќ.

-Секаде се обврски за двете страни, на едно место има нереципроцитет каде што вика Република Македонија има обврска, но на друго место има нереципроцитет каде што вика само Република Бугарија има обврска. И тука е усогласен целиот вкупен реципроцитет на самиот договор и на крајот она кое што претставува нереципроцитет и кое што само Македонија го има како обврска го има исто така дополнително во точка 4, секоја од договорните страни има право да ги заштитува правата на своите државјани на територијата на другата договорна страна во согласност со меѓународното право што апсолутно го дообјаснува точка 5 од членот 11, но и членот 14 „овој Договор нема на никој начин да биде толкуван така што ќе противречи на билатералните и мултилатерналните договори чии страни се договорните страни. Апсолутно има комплетен реципроцитет и на права и на обврски на двете страни, одговори Заев.

И токму овој член кој се однесува на заштита на малцински права, односно правата на Македонците во Бугарија денес е камен на сопнување во преговорите со Бугарија, односно бугарската држава отворено бара Македонија да се откаже од своето малцинство и неговите права иако истите се загарантирани со низа документи на Обединетите Нации, но и на Европската Унија.

Во актуелното и скандалозно интервју за БГНЕС, Заев информираше дека е испратен документ во Бугарија во кој се потенцира дека Македонија нема малцински претензии, и дека нема да се меша во внатрешните работи на Софија и дека нема побарувања за малцинствата.

-Ние испративме документ, којшто не е за премиерот Борисов или за министерката за надворешни работи Захариева, туку за Бугарите и за Македонците, за да знаат што се случува. Во него напишавме дека немаме територијални претензии и дека нема да се мешаме во внатрешните работи. Во тој документ јасно пишуваме дека немаме ‘малцински‘ претензии. Тој меморандум треба да биде одобрен од двете меѓувладини комисии“, вели Заев денес.

Денес македонската држава е мета на жестоки напади од страна на официјална Софија и дрско мешање во внатрешните работи на Македонија со отвореното негирање на македонската историја, јазик, но и идентитет.

Заев по потишувањето на Договорот одби да одговори на прашањето поврзано со мешањето во внатрешните работи на Бугарија во Македонија, односно говореше за сосема друг член од Договорот.

-Во член 11 став 5 пишува дека само Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може да се употреби и толкува против другата држава. Нема таков член за Република Бугарија.

-Има каде што само Бугарија превзема обврска, а тоа е помагањето на Република Македонија комплетно кон нејзината интеграција во НАТО и во Европската Унија, споделување на сите искуства, капацитети и ресурси, а истовремено ви одговорив за членот 5 како е тоа решено со антиципативност на точка 4 за самата точка 5 и преку членот 14. Апсолутно и самата суштина гледате на точка 5 „не може и не треба да се толкува дека претставува основа за мешање во внатрешните работи на Бугарија“. Македонија нема аспирации во мешање во внатрешните работи на ниту една земја, нашиот Устав е демократски и дава и права и обрски. Македонија нема ниту потреба, ниту сака, ниту има интенција да се меша во внатрешни работи ни на Бугарија, ни на ниту една соседна земја или било која земја во светот.

И токму овој член за кој што Заев говореше дека само Бугарија има обврска денес изгледа смешно со оглед на бугарското вето за членство на Македонија во Европската Унија. Но и тогаш Заев успеа да ја изманипулира јавноста со оглед дека во споменатиот член во кој според Заев нема обврски за Македонија, сепак има обврски за нашата држава.

Членот за кој Заев говори не е 5 туку членот 2, а во него Македонија се обврзува да ги исполни неопходни критериуми меѓу кои властите во Софија го сместуваат и Договорот со Бугарија за да добие поддршка од оваа држава за членство во ЕУ и НАТО.

  • -Двете Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската
    и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за
    нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО. Бугарската страна ќе го сподели своето
    искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО, стои во членот.

Последната констатација на Стоилковиќ се однесуваше на дотогашното мешање на бугарски државни функционери во внатрешните работи во Македонија кое логично беше да продолжи, но како што вели самиот Заев тој ден тој сакал да се радува, а не да мисли дека Бугарија и натаму ќе се меша во внатрешните работи на Македонија.

-Но бугарски политичари и таканаречени историчари се мешаат во внатрешните работи на Македонија, констатираше тој.

-Тоа се поединечни изјави на поединци и јас денеска не би ги толкувал. Денеска се радувам на една убава работа која што отвора перспектива. А Република Бугарија превзема обврска, прочитајте го Договорот, тоа е членот 14 каде што во суштина претставува обврска за сите кои потпишале меѓународни договори, вакви билатерални договори или слични други договори кои што апсолутно значат и тоа, одговори Заев.

Имајќи ги во предвид овие одговори на Зоран Заев можни се две варијанти за тоа како го потпишувал Договорот.

Првата варијанта е тој воопшто да не го прочитал, бидејќи е донесен на власт да спроведе туѓа агенда.

Втората варијанта е свесно да ја манипулирал македонската јавност бидејќи токму ваквите штетни договори кои ги потпишал биле причината зошто тој за уши беше седнат на Илинденска број 2.

(Архива) Инфомакс го предупреди Заев за бугарското вето!

Eве што говореше кога се потпишуваше Договорот…

Posted by infomax.mk on Friday, December 4, 2020

Latest News

Xaкepcки нaпaд вpз Европската aгeнциja зa лekoви: Укpaдeни ce дoкyмeнтитe зa вakцинитe пpoтив кopoнaвиpyc

Документите од Европската агенција за лекови поврзани со вакцините за коронавирус биле украдени, манипулирани и потоа објавени на Интернет,...

More Articles Like This