October 27, 2021, 5:09 am

(Видео) Италија гоpи: Пожарот стигна до Pим, се евakyираат жителите на римските предградија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите од помалите населби, на околу 40 километри источно од Рим, денеска беа евакуирани поради пожар што избувна во време кога главниот град на Италија се соочува со температура од околу 37 степени Целзиусови.
Делови од јужна Италија горат веќе неколку недели, а пожарот имаше во шумите на Калабрија, како и на островите Сицилија и Сардинија.

Во средата, температурата на југоисток на Сицилија достигна речиси 49 Целзиусови степени, што е највисоката температура некогаш забележана во Европа, пренесува Ројтерс.

Пожарот сега се движи кон север, а во текот на ноќта 25 семејства беа евакуирани од своите домови, бидејќи пожарите се проширија низ природниот резерват Монте Катило, во близина на римското предградие Тиволи.

30 жители на домот за запоставени деца исто така беа евакуирани како мерка на претпазливост поради пожарот, потврдено е од противпожарната служба.


Наводно, шумските пожари избувнале во текот на ноќта во близина на градот Отранто, во југоисточна Италија, каде што поради чад евакуирано е блиското приморско одморалиште, а крајбрежниот пат јужно од Отранто е затворен за сообраќај.

Вчера, премиерот Марио Драги вети финансиска помош за заедниците погодени од пожарите, и акционен план за обновување на уништените шумски површини, како и напори за зголемување на способноста на Италија да одговори на природните катастрофи кои најмногу ги загрозуваат руралните области.

Latest News

(Видео) Пентагон алapмира: ИСИС-К е потполно способна да ги нaпaднe САД во рок од 6-12 месеци

ИСИС-К и Ал Каеда би можеле да имаат способност да нападнат американски цели за „6-12 месеци“ - изјави Колин...

More Articles Like This