(Видео) КАКО БОКИ ГО МЕНАЏИРАЛ ЗАЕВ: Нajтешко било за Сашо Мијалков ама Боки 13-ка сепак ја завршил работата

  • December 11, 2019
  • Коментари

Менаџира, менаџира, менаџира, токму овој збор често може да се слушне во разговорите кои ги објави италијанскиот медиум „Ла Верита“, а го изустува Бојан Јовановски попознат како Боки 13 често кога говори за премиерот Зоран Заев. Па се поставува прашањето што и како Боки 13 менаџирал и на кој начин тој го менаџирал премиерот на Република Македонија.

Најдолгото видео кое го објави весникот „Ла верита“ започнува со кавга помеѓу Боки 13 и Орце Камчев поради тоа што бизнисменот се распрашувал дали останатите обвинети во случајот „Империја“ плаќале рушвет и колку тој изнесувал. Расправијата се вжештува по што Боки 13 ја смирува топката обидувајќи се да му објасни колку било тешко Орце Камчев да биде ослободен од притвор имајќи во предвид дека поради него од притвор излегле и други.  Во случајот „Империја“ отворена беше истрага за Јордан Камчев, Сашо Мијалков и Цветан Панделески.

Oд истражниот затвор „Скопје“ заедно со Цветан Панделевски излезе Орце Камчев, според неговите наводи откако неговата сопруга Ана Камчева исплатила рекетот од 500 илјади евра, Сашо Мијалков останаа во притвор до 29 декември кога СЈО побара мерката да се замени со куќен притвор. Тогаш специјалната обвинителка Катица Јанева појасни дека обвинителството ги прибавило неопходните вербални и материјални докази неопходни за предметот.

Сега да се навратиме на разговорот помеѓу Камчев и Боки 13-ка.

Боки 13: Орце, срце мое од тоа што си се договорил со мене, се договараа одеа сегде кога се договорија кога дојдоа кај мене со жената у недела ти више во четрврток беше искочен. Другар тешко беше да се менаџира, ради тебе искочија и други, точно е дека јас имав некаков договор, преговор начелен и со Дејан. И јас транспарентно отворено ти кажувам како било. Јас со друг сум немал.

Орце: Па нормално со Сашо беше другиот.

Боки 13: Не сум имал ништо!

Орце: Па ми рече бе ти ми кажа. Ми кажа ти!

Боки 13: Многу беше тешко тоа.

Во превод она што го кажува Боки 13 значи дека за да излезе од притвор Камчев, требало да излезат и Панделевски и Мијалков. Но Боки 13 признава и самиот дека и Мијалков и Панделевски платиле рушвет за да излезат од привтор, па потенцира дека тоа било тешко да се менаџира.

Се прашувате сигурно зошто? Периодот за кои двајцата говорат е период по заминување на Никола Груевски поради кое власта наиде на големи критики од најголемите поддржувачи на СДСМ изминатиот период. Притворањето на Сашо Мијалков за власта на некој начин значеше искупување за тоа што на своите поддржувачи не му го испорачаа Никола Груевски зад решетки. Токму ова е причината поради која за 13-ка беше тешко да го менаџира ослободувањето на Мијалков, бидејќи неговото ослободување наштети на рејтингот на СДСМ. А со кого би менаџирал Јовановски рејтингот на СДСМ ако не со Зоран Заев?!

Она што оди во прилог на оваа теза е средбата на Бојан Јовановски со Зоран Заев која што е случува ден пред  мерката ефективен притвор за Мијалков да се замени со куќен притвор. Средбата официјално е поради снимањето на новогодишното интервју со Зоран Заев кое се емитуваше на 1 ТВ на 31 декември, но дали ова е средбата на која Боки го менаџирал Зоки за ослободувањето на Сашо Мијалков?!

 

Да не заборавиме дека Боки 13 во повеќе наврати во бомбите на „Ла верита“ се фали како тоа го менаџирал Зоран Заев пред Орце Камчев. Тој во еден наврат му посочува на Камчев да не се грижи и оти тој ќе го менаџира Заев и при неговото ослободување.

Во трето продолжение кое што го објави италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот „Рекет“, Боки 13 му објаснува на Камчев дека ќе се сретнел со премиерот Зоран Заев. Во врска со инвловираноста на Заев, прочитајте го транскриптот и погледнете го видеото…

ВЈ: Утре се гледам со него

ЈК: Со Дејан?

БЈ: Не

ЈК: Со Жаре?

БЈ: Со Зоки

ЈК: Со Зоки?

БЈ: Со Заев

ЈК: Мислам дека он нема да праи проблеми, но ти ќе си збориш и ќе ми кажеш

БЈ: Знам што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, работи кои никој не ги знае

ЈК: Ок шефе

БЈ: Ќе ме испратиш до врата?

ЈК: Апсолутно

 

 

Па на крајот од денот нели Боки премолче кога Камчев му посочи дека се што прави прави за нив (Заев).

Уште нема одговор од Зоран Заев за масата на која седел и се фотографирал со Боки 13, фотографија пак која овој му ја покажува на Орце и му се пофалува дека ја завршил работата.

Нема ниту одговор зошто на 25 април биле исклучени камерите во Влада. А ова е само еден случај. Тек кога ќе се отвори “Рекет 2”, тогаш одиме спуст, директно до главата на октоподот.

 

Пишуваат: М.Милошевски А.Митовски

 

Претходно «
Следно »