(Видео) Калајџиев за апceњето на Камчев: Службената белешка е ујдурма на УБК, законот изрично забpaнува службена белешка да се користи во постапка или за притвop

Поврзано

И претседателот Стево Пендаровски се фотографирал со Камбер Идризи

И претседателот Стево Пендаровски, помеѓу останатите политичари од владејачката партија, се фотографирал со вчера убиениот Камбер Идризи, кој беше...

(Видео)Рано изутрината зaвpши yвидoт на лицe место по yбиcтвoтo во населбата Бутел

Увидот на лице место на екипите на Крим Техника по убиството во населба Бутел 2 во која животот го...

Xaoc на Уpгeнтeн, стотина лица влетале на Kлиниka за да бараат peaнимиpaњe на yбиeниот во пpecтpeлkaтa во Бутел

Преку 200 лица упаднале вечерва на Ургентниот центар, откако таму било донесено безживотното тело на убиениот Камбер Идризи, кој...
- Advertisement -

Професорот Гордан Кајалџиев, во своето гостување во емисијата „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс, зборувајќи за случајот со Орце Камчев, кому, врз основа на службена белешка му беше определена мерка притвор, без притоа да и се дозволи на одбраната да ја види таа службена белешка.

„Во суштина, обвинителството мора доказите да ги декласифицира, ако се воопшто класифицирани, за да има еднаквост на оружјето, или не мора да ги користи. Во конкретниот случај има дополнителни проблеми, тоа е, јас сум уверен една политичка измислица и тука се фатени некои високи функционери на некој начин во лага. Мислам дека тоа е ујдурма на УБК, што е за мене многу сериозно, бидејќи покажува дека службата не е реформирана, туку и натаму гони политички противници и е злоупотребена. Искористена е и за притисок врз судот затоа што во процесното право има можност полицијата, а особено не службите, имаат право да апсат само ако има итност. Они го следеле и претходно, а не го консултирале обвинителот, ниту за следењето, ниту за апсењето. И обвинителот е ставен под притисок, и обвинителот и судот, да се сложат и самите да влезат во злоупотреба на службената положба. Особено е одговорен и судијата, бидејќи тој има уставна обврска да процени дали апсењето било законито. И мора изрично да го напише во дел од своето решение. Судијата тука ги покрива, е ќе мора еден ден да одговара. Следно што е проблематично е тоа што воопшто постапувала службата, а самата белешка едноставно не може да се користи експлицитно, тоа убаво го истакна и одбраната на Камчев. Експлицитно е забрането да се користат тие докази. Исто, многу јасно е кажано и за прислушкувањето и следењето дека ако случајно, тогаш кога имаат основ да го следат законски, во смисла да следат легитимен таргет во којшо би упаднал, да речеме следат странски разузнавачи па упадне во некои информации, тогаш законот дава многу ограничена можност. Тие информации да се споделат со Јавна безбедност, но нема да се користат како докази ни во постапка, ни за притвор. Значи законот експлицитно го има решено, и одбраната тоа многу убаво го кажа“, појасни Калајџиев.

Тој додаде дека тоа не само што е проблем во постапката, туку и проблем во политичка злоупотреба на тајните служби.

„Не е проблем што има процесни проблеми, проблем е што сѐ уште имаме политичка злоупотреба на тајните служби. И уште поголем проблем е што нема орган во државава што тоа може да го исправи. Нити има обвинителство што би било оспособено да се спротивствави. Обвинителството никогаш нема да се спротивстави на актуелната власт и секогаш ќе биде подложено на злоупотреби, сѐ додека владата го предлага сопствениот обвинител. Тоа едноставно не оди и ние сме виделе дека не оди“, посочи Калајџиев.

Емисијата во живо можете да ја следите ТУКА

Latest News

Мајк Тајсон твpди: „Бpeд Пит гo фaтив вo кpeвeт co мojaтa жeнa“

На социјалните мрежи повторно стана актуелна темата како Мајк Тајсон во минатото ја фатил сопругата во неверство и тоа...

More Articles Like This