(Видео) КАТАСТРОФАЛЕН ПOЖАР ВО ИНДИЈА: Луѓе скокале од прозори за да се спасат!

  • February 12, 2019

Најмалку 17 лица ги изгубија живoтитe во пожар во центарот на Њу Делхи, соопштија од противпожарната служба на индијската престолнина.

Пожарот избил во хотелот „Арпит палас“ во густо населен дел од градот и го опустошил последниот спрат.

Пожарот бил изгаснат после неколку часа, а евакуирани биле 35 луѓе.

Според локалните медиуми, една жена и едно дете настрадале кога во обид да се спасат од пожарот скокнале од прозорец.

„Ходниците биле со дрвени орнаменти, поради што луѓето не можеле да се движат низ нив“, изјавиле од противпожарната служба.

Пожарите во Индија се чести најмногу поради несоодветната легислатива и непочитување на безбедносните прописи.

Претходно «
Следно »