(ВИДЕО) КИНЕСКОТО ВЕШТАЧКО СОНЦЕ: Уредот за нyклeaрнa фyзиja кој произведува енергија со повторување на реакциите во центарот на Сонцето ќе почне да свети идната година

  • December 26, 2019
  • Коментари

Кина ќе почне со работа на своето вештачко Сонце, односно уредот за нyклeaрнa фyзијa кој произведува енергија со повторување на реакциите кои се одвиваат во центарот на Сонцето. Ако проектот биде успешен, уредот ќе може да ја постигне крајната цел – да стане извор на неограничена, евтина и чиста енергија.

Уредот се вика HL-2M Tokamak, а е дел од националниот експериментален проект кој трае од 2006 година. Во март годинава беше објавено дека вештачкото Сонце ќе биде готово до крајот на годината.

Кина сега најави дека Сонцето ќе почне да работи во 2020 година, а се очекува да постигне температура од над 200 милиони степени Целзиусови. Тоа е 13 пати повеќе отколку што е центарот на нашето вистинско Сонце.

Нyклeaрнaтa фyзиja е реакција која ја поттикнува Сонцето. Тоа вклучува спојување на две полесни aтoмcки јaдрa за да се создаде потешко јадро, а при реакцијата се ослободува огромна количина енергија.

Претходно «
Следно »