March 28, 2024, 10:25 pm

(Видео) Колку чинеше македонското име во 2011 година?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утринава започна едно од последните рочишта за уште еден од случаите на СЈО „Тортура“ во кој првообвинет е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, а се однесува на аспењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година. Првообвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Одбраната на Мијалков вели дека нема ниту една индиција дека Сашо Мијалков е поттикнувач на кривичното дело со кое се терети екс директорот на УБК.

-Во овој кривично –правен настан за кој е обвинет Сашо Мијалков, засатапникот на обвинението не само што не презентираше доказ туку нема наведено ниту една индиција дека Сашо Мијалков ги поттикнал преостанатите на извршување на кривичното дело кое им се става на терет, велат тие.

Ниту еден од обвинетите не потврдија дека постои телефонски разговор во кој помеѓу Мијалков и останатите обвинети во кои било договарано вршење некаква си „тортура“.

-До ваквиот заклучок одбраната доаѓа по извршената анализа на одбраните на обвинетите кои на прашање на судот дали помеѓу нив и Сашо Мијалков бил реализиран било каков телефонски или друг вид контакт пред и после настанот, и дали лично го познавале Сашо Мијалков децидно одговорија дека ниту лично го познавале ниту било кога имале остварено било каков вид на контакт со Сашо Мијалков, додаде адвокатот на Мијалков.

Одбраната на Мијлков посочува дека кај екс директорот на УБК постоела сатисфакција од добро завршена полициска акција во која екс министер за внатрешни работи, во случајот Љубе Бошковски бил фатен инфлагранте како зема пари и незаконски ја финансира својата политичка кампања.

-Имено, oд разговорите може да се утврди дека разговорите кои се водени се изразување на сатисфација, како резултат на успешно спроведена акција на МВР во која на дело е фатен Љубе Бошковски во вршење на кривично дело, за кое истиот во три последователни наврати зел 10.000 евра, 20.000 евра и на крај 100.000 евра за како што наведува и самиот во посебните истражни мерки. Па во тој контекст се и разговорите што се водени а кои преставуваат само израз на сатисфакција, бидејќи инфлагранти е фатен бивш министер за внатрешни работи и лидер на политичка партија од страна на службите на МВРво извршување на кривично дело. Дека е тоа така покажуваат и самите видео снимки од кои што се гледа дека чинот на лишување од слобода на земја не трае повеќе од 1 минута, а не како што се наведува во аудио снимките дека тој лежел повеќе од половина час. Толку за кредибилноста на аудио снимките на кои се повикува Јавниот обвинител, вели адвокатот.

Во 2011 година македонската полиција го уапси Љубе Бошкоски, претседател на вонпарламентарната партија Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи. Бошковски беше уапсен под сомнение за незаконско финансирање на неговата предизборна кампања и нелегален трансфер на пари.

Веднаш по апсењето се појави снимки кои јасно покажуваат дека поранешниот македонски министер и посредникот договараат земање на 70.000 евра од страна на Бошкоски, а посредникот му дава во еден момент 10.000 евра и со потег со раката го крсти Бошкоски викајќи со господ напред да ти е. Тој воедно бара од Бошковски само едно нешто, да се промени името на државата.

Љубе Бошкоски во видеото говори дека сега морал да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена, и потврдно одговора на предлогот на посредникот за именување на националност како граѓанин на Република Македонија.

Токму името „Северна Македонија“ и националноста граѓанин на, за кои беше исплатен Бошковски е името и идентитетот кој го избра Зоран Заев.

И сега Сашо го намести или сам се продаде?

Иако СЈО заврши нecлавно со случајот „Peкет“ случај во кој обвинителката која што раководеше со СЈО, Катица Јанева беше фатена како зема мито од милиони евра за да донесе ослободителна пресуда и да ослободува луѓе од притвор, сите предмети на обвинителството со „пусулче“ напишано во „Шутка“ завршија во обвинителството за организиран криминал.

Покрај овој мега скандал јавноста дозна дека милиони евра во бонуси завршувале на сметките на обвинителите и истражителите со што била злоупотребена службената должност, однонсно членот 353 од Кривичниот законик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This