October 24, 2021, 7:07 am

(Видео) Костовски: Ce oткaжyвaме oд кoмoдитeтoт, Oпштинcкaта згpaдa ќe бидe нoвa пoликлиникa вo Бутел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани граѓани на општина Бутел, Поминува времето на лажните ветувања, поминува времето на лажните градоначалници. Мои бутелчани во последниве четири години бевме многупати сурово прелажани, но убедливо најголемата лага беше тоа дека општина Бутел ќе добие модерна поликлиника. Оваа лага, пред скоро време за жал прерасна и во понижување на сите луѓе кои живеат во оваа Општина, бидејки наместо најавената модерна поликлиника добивме пластични трафики кои покрај сите мани, се и докажано небезбедни, изјави денеска за медиумите, Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел.

Тој вели дека имајки во предвид дека станува збор за најгорливото прашање за бутелчани, тој заедно со неговиот тим сакајќи искрено да помогнат, темелно размислуваат на оваа тема и донеле одлука.

Врвен приоритет ќе ни биде изградба на нова модерна поликлиника во нашата општина, но се до тогаш, додека не се изгради новата поликлиника, уште во првиот месец од кога ќе ја добијам вашата доверба и станам градоначалник на Општина Бутел, јас ќе ја понудам општинската зграда да биде достојна поликлиника за моите пријатели, познацини, за моите бутелчани. Јас лично но и мојот тим ќе се откажеме од комодитетот само за да излажаните и понижени граѓани на Општина Бутел се почувствуваат достоинствено и конечно добијат нова модерна зграда за своја поликлиника, место каде што конечно на современ начин ќе се грижат за своето, но, и за здеавјето на своите најмили. Не ми треба убава општинска зграда кога граѓаните немаат каде достоинствено да се грижат за најважното, за своето здравје. Граѓаните ми се на прво место, и тоа ќе го докажам не само со овој пример туку со многу примери во низа од како ќе ја добијам вашата доверба, истакна Костовски.

Тој посочи дека градоначалникот е слуга на граѓаните, а не обратно.

Општинската администрација ќе се префрли на некое поскромно место, имаме во план неколку солуции но сеуште не сме донеле одлука. Како и да е јас лично ви гарантирам неколку пати поуспешна, побрза, поотворена и најважно многу потранспарентна администрација за разлика од овој башибозук кој моментално се царува во општинската зграда. За успешна општина не ни треба голема, комотна зграда, за успешна општина ни треба мотив, искреност, чеснот и многу многу труд, истакна кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Бутел.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This