(Видео) КОЈ Е ЏЕМО БИЉБИЉ ИЛИ ИНСПЕКТОР ТОМЕ ОД „ПРЕСПАВ“: Зошто нема ни Фејсбук ни Инстаграм?!

  • February 16, 2019

За него важи правилото дека станува популарен на секои 10 години… ѕвезда на рати! Ќе се појави како некој нов лик, ќе направи „растур систем“, ќе ја освои нацијата со својата нова улога и ќе го снема.

Горан Стојановски, дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности, по потекло од Охрид каде живее и работи, еден од основачите на Охридскиот театар, директор на центарот за култура во Охрид.
Особено е познат по серијалот „К 15“ кој му ја донесе првата поширока популарност. Заедно со неговиот колега од театарската дружина и другар од детството Климе Новески со своите улоги и извртениот „Македонско – Турски јазик“ во еден момент ќе станат попопуларни и од самите Тошо, Миле и Цацко.

Откако престанаа да се појавуваат во „К 15“, чаршијата наголемо зборуваше дека токму трите лика намерно „се ослободиле“ од охриѓаните, зашто овие им го украле шоуто!?

Ликот на „Џемо – Биљбил“ во вестите на шоуто 1+2 и особено соработката со Роберт Саздов од „Куку Леле“ ќе го направи ултрапопуларен лик, кој ќе почане да го препознава и старо и младо на улица. Тој и дел од неговата охридска екипа ги препејаа хитовите на популарното дуо, со свои комични текстови, од кои публиката „зајдуваше“ од смеење. Снимената касета со песните ( тогаш немаше ЦД –а) во средината на 90-те, се смета за најтиражниот музички производ и апсолутно најпродаваниот носач на звук (плоча, касета, ЦД) на сите времиња во историјата на Македонија.

По ликот на „Џемо – Биљбиљ“ следуваат ликот на началникот во театарско хумористичниот ТВ серијал „Штаб“, одново со охридската театарска екипа. Комично-политичка пародија на состојбите во општеството.

„Ѓоре – Шнајдерот“ е следниот ТВ лик кој Стојановски ќе го игра, лик кој низ „делењето памет“ преку „ мисли и мудрости од малиот мозок“ на размуабетениот кројач ќе му ја врати „one man show“ популарноста на актерот одржувајќи го меѓу познатите ликови во ТВ етерот.

Минуваат години, во меѓувреме Горан Стојановски станува еден од основачите на Охридскиот театар, подоцна и директор на центарот за култура во Охрид.

2014 година ТВ Алфа го враќа ликот на Џемо-Биљбиљ на екраните, но популарноста не е ниту оддалеку онаква каква што некогаш беше.

Чиновничката работа огледана во директорувањето се повеќе го ограничува и му дозволува да се занимава со актерскат професија, се’ додека не се појави ситкомот „Преспав“. Ликот на вишиот околиски инспектор Томе одново ќе му ја воскресне популарноста на актерот чиј лик ќе стане „заштитен знак“, еден вид огледало на работата и однесувањето на државната администрација во македонското општество.

И покрај сета популарност сиве овие години, особено изразена по трите сезони на „Преспав“, Горан Стојановски остнува верен на традиционалните вредности и сопствената етика. Затоа воопшто не ги користи социјалните мрежи, нема ниту Фејсбук ниту Инстаграм профил, зашто смета дека сето тоа нема смисла.

„Нема потреба со некого да се допишувам, кога можам да кренам телефон и да му се јавам и да се договорам да се видиме, ако има што да си кажеме. На фејсбук е едно, а во живо сосема друго“ – ќе изјави во едно свое интервју по ова прашање денес популарниот инспектор Томе.

Претходно «
Следно »