(Видео) Крај на ерата на Кастро на Куба: Последниот Кaстро се повлече од раководството на Koмунистичката партија

Раул Кастро, поранешниот претседател и премиер на Куба, на конгресот на Комунистичката партија потврди дека се повлекува од функцијата генерален секретар на партијата.

„Задоволен сум што им предавам лидерство на група луѓе кои се подготвени да бидат лидери, кои имаат децениско искуство и се посветени на моралот на револуцијата што се идентификува со историјата и културата на нашата нација“, рече Кастро.

Објавата за повлекување на Кастро беше објавена на веб-страницата на Комунистичката партија на Куба во тековниот извештај од Конгресот.

Кастро се очекува официјално да се пензионира за време на викендот. Неговата оставка означува крај на ерата на Кастро во Куба, која траеше од 1959 година, кога дојде на власт неговиот постар брат Фидел, за да му се предаде на Раул во 2016 година.

Конгресот треба да трае до 19 април, кога ќе биде официјализиран наследникот на Кастро, а се очекува тој да биде кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел.

Раул Кастро двапати беше избран за генерален секретар на партијата, во 2011 и 2016 година.