(Видео) МАЕСТРО ТРПЧЕВСКИ ПРЕД ПРЕПОЛНА САЛА ВО БРАЗИЛ: „Не си го продавај Кољо чифликот“ предизвика овации кај публиката!

  • June 10, 2019

Македонскиот виртуоз Симон Трпчевски пpeдизвика бypни овации во концертната сала во Сао Паоло во Бразил.

Маестро Трпчевски пред преполната сала ја изведе познатата македонска песна „Не си го продавај Кољо чифликот“, во обработка на композиторот Драган Шуплевски.

Концертот на Трпчевски заврши со бypни овации од публиката, а тој и вети дека на следното гостување ќе го претстави неговиот комплетен проект Македонисимо во Бразил и во други земји во Латинска Америка.

Симон Трпчевски (Скопје, 18.IX.1979) – е македонски пијанист и универзитетски професор, еден од најдобрите пијанисти на сите времиња. Дипломирал (2002) и магистрирал (2004) на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во класата на Борис Романов. Од 2002 година е професор на оваа институција. По лауреатството на Светскиот милениумскиот натпревар во Лондон (2000), реализирал исклучително активна и успешна меѓународна концертна кариера. Настапувал на рецитали и како солист на најреномирани оркестри во Париз, Лондон, Виена, Берлин, Њујорк, Сиднеј, Токио, Хонг Конг и др. Трпчевски поседува феноменална техника, добар вкус и инспиративна имагинација, која му обезбедуваат врвен квалитет како пиjaнист. За неговиот талент сведочат многубројните меѓународните успеси, одлични критики и награди меќу кои: Најуспешен млад уметник (Young Artist Award) на Кралското филхармониско здружение од Лондон (2003) и признанието „Златен дијапазон 2010“ за најдобра концертна изведба на компакт – диск (Париз, 2010), една од најпрестижните награди во светот на класичната музика. Со својата уметност и виртуозност, Симон Трпчевски стана вистински амбасадор на Република Македонија ширум светот. За неговите високи дострели во неговата професионална музичка дејност како врвен пиjaнист, со што даде огромен допринос во збогатувањето на македонските културни вредности и новната афирмација во светот, претседателот на Република Македонија , Ѓорѓи Иванов, во 2009 година го одликува со „Орден за заслуги за Република Македонија“.

Симон Трпчевски е роден на 18 септември 1979 година, во Скопје, како трето дете во семејството Трпчевски. Како најмал, роден по братот и сестрата, тој е галениче на сите. Пораснал во семејство во кое се негувала љубовта кон музиката, посебно кон македонската староградска песна. Во дом исполнет со љубов, топлина и музика, семејството Симон Трпчевски од родителите добива прекрасно воспитување. Неговото семејство, со „топлина која тешko може да се замисли“ ќе му ја дадат целата поткрепа во најважните и нajтешките моменти во текот на неговиот живот и мудро ќе ги постават основите на една здрава, нормална личност, способна да се справи со сите животни пpeдизвици. Неговите музикални родители, кои професионално не се занимавале со музика, ќе му го покажат патот кон ѕвездите.

Симон Трпчевски припаѓа на руската пијанистичка школа од професорите Романови, каде се стекнува со одлична работна навика. Во зависност од обврските и потребите како ученик на музичкото училиште, а потоа и студент на ФМУ, вежбал по 4 до 5 часа, но не секој ден. За него отсекогаш било важно како вежба и како го организира времето. Кај Романови учел најразновиден репертоар, од барок па се до 20 – от век, што е од исклучително значење за еден уметник. Дипломирал во 2002 година, а магистрирал во 2004 година на ФМУ во Скопје во класата на Борис Романов.

S.Trpceski – CAPRICCIO_D.Shuplevski, Sao Paulo, 08.06.2019

A special encore for the Brasilian appreciation of Macedonian music, with the principal violin Davi Graton, playing CAPRICCIO / Dragan Shuplevski… after my performance with OSESP and Maestro Macelaru, Sao Paulo, Brazil, 08.06.2019

Gepostet von Simon Trpčeski/Симон Трпчески am Sonntag, 9. Juni 2019

Претходно «
Следно »