(Видео) МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИЕЦ PAЗОЧАРАН, ПРАШУВА: Каде живееме ние во Македонија или Албанија?

  • December 25, 2019
  • Коментари

Почестен сум што после три мои олимпијади, некој конечно се сети да го награди мојот труд, но во истовреме и понижен, како Македонец.

Македонскиот олимписки скијач, Дарко Дамјановски, реагира на вчерашното одбележување на денот на општина Гостивар, каде бил повикан да прими плакета за заслужен спортист,но е разочаран оти манифестацијата се водела само на албански јазик.

За вакви настани вели, општината треба да има предвид дека во неа живеат и Македонци и Турци.

Побаравме објаснување од општината зошто имале пропусти во преводот,особено на ваков настан, на кој се повикани истакнати личности од различни етнички заедници,но одговор не добивме.

Инаку, Дамјановски вели дека плакатата ќе ја подари на општината , како знак за благодарност што ја добил, но и да ги потсетува,во иднина да не прават вакви грешки.

Претходно «
Следно »