(видео) МАЛЦЕ МУ СЕ СЛОШИ: Војник се онесвести за време на говорот на Макрон

  • December 25, 2018

Францускиот претседател Емануел Макрон ги посети француските воени сили стационирани во Чад. Во таа прилика се случи мал инцидент, кога еден од војниците се онесвести. Макрон прво држеше говор, а потоа насобраните почнаа да ја пеат француската химна „Марсељеза”.

Во тој момент на еден од војниците на бина му се слоши, па падна во несвест Колегите веднаш притрчаа да му помогнат, а меѓу нив беше и самиот Макрон, кој отпрвин делуваше збунето.

Претходно «
Следно »