October 27, 2021, 7:46 pm

(Видео) Маричиќ зa o6винитeлкaтa кoja гo зaтвopи Мијалков: „Ќe имa дpyги кoнкypcи или oглаcи, пa ќe мoжe дa кoнкypиpa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прво изјавија дека е премлада, а подоцна дека нема доволно работно искуство за да биде избрана како обвинител во Вишото обвинителство. Ленче Ристоска беше единственото име од кандидатите кои не беа избрани од Советот на обвинители, а за кое во јавноста се крена галама. Имено Ристоска со уште двајца нејзини колеги заврши сложена истрага на Специјалното обвинителство со кое беше докажано масовното прислушување на граѓаните, а главниот обвинет Сашо Мијалков го стави во затвор со првостепена казна од 12 години. Според првиот човек на правда, Бојан Маричиќ, не е коректно министерот да навлегува во постапката на изборот ниту пак да коментира конкретно кој бил избран, а кој не. Според него, тоа е исклучителна проценка на Советот на јавни обвинители.

„Мислам дека не е спорно дека таа е квалитетен обвинител, тоа го покажала на дело. Впрочем, владата во договор со обвинителството ја предложи за претстваник во Евроџаст, тоа е европската мрежа за судско обвинителстка соработка во Хаг, каде што таа ја претставува државата. Мислам дека со самото тоа веќе сме го кажале мислењето“, истакна Бојан Маричиќ.

Маричиќ смета дека Советот на обвинители имаат начин и критериуми по кој што ценат кој обвинители треба да бидат избрани, а Владата во тој дел нема право и не треба да коментира.

„Треба да се има предвид дека ова е само еден круг на избор, јас сум сигурен дека во иднина ќе има и други избори на јавни обвинители на различни нивоа, така што секој добар и квалитетен обвинител кој што има што да покаже може да се надева и да конкурира да биде избран и во иднина. Така што ова не е ни прв ни посоледен конкурс или оглас на кој што се бираат обвинители“, вели Бојан Маричиќ.

Според Законот за јавното обвинителство, ниту во општите ниту во посебните услови не пишува дека возраста игра улога при избор на јавен обвинители, освен условот за деловна способност. Кога е во прашање изборот за виш јавен обвинител, посебен услов е стаж од најмалку шест години работа како обвинител. За повеќе години стаж, нема одредба дека носи повеќе поени. Во споредба со избраните кандидати, Ристоска е меѓу помладите, но не е и најмлада. Обвинителката Фатиме Фетаи е помлада од неа, родена е во 1985 година и месецов го прослави 36. роденден. Обвинителката Ристоска, пак, е родена 1983 година.

Кога станува збор за обвинителскиот стаж, Фетаи е избрана за обвинителка во 2011 и има стаж од 8 години и 8 месеци (до моментот на распишување на конкурсот), а Ристоска во 2013 и нејзиниот обвинителски стаж изнесува 6 години и 10 месеци (до моментот на распишување на конкурсот). Двете беа оценети со максимални 25 поени.

Инаку, за ресорниот министер е добра вест за правосудниот систем што после долго време се бира одредена бројка на обвинители и во вишото Јавно обвинителство и во обвинителството за организиртан криминал.

Latest News

Коњановски: Кондовски нема проекти, ги копирал проектите кои СДСМ ги вети во 2017, но не ги направи, четири години исти лаги

„Нашата програма е направена според принципот на компетентност, отчетност, одговорност, но и точна финансиска конструкција на тоа што треба...

More Articles Like This