(Видео) Митовски: Крајно време е власта да се свести што прави бидејќи тркалото се врти

Во вечерашното, вонредно издание на Тешки муабети на Инфомакс, уредникот Александар Митовски апелираше до власта да престане да внесува зла крв меѓу народот и да ја смири ситуацијата бидејќи топката е кај власта и таа е на потег.

„Јас сакам да алпелирам и до власта и до премиерот и до сите негови соработници дека крајно време е да се свестат затоа што го прават затоа што не случајно е кажано дека тркалот се врти и дека треба да се престане да се внесува зла крв меѓу народот поради политика и поради лични и теснопартиски интереси затоа што тоа на крајот никогаш не излегува на добро. Треба убаво да размислат што прават и мислам дека топката е сега во нивниот двор и тие, се клучот, власта е клучот, Зоран Заев е клучот за смирување на страстите меѓу граѓаните. Ако воопшто планира да ја смири ситуацијата. Ако му одговара онаа, а да направиме мала војничка, тогаш ќе си ја тера како што ја тера до сега“, изјави Митовски.

Емисијата Тешки муабети во живо можете да ја следите ТУКА